Oглас за вработување на социјален/на претприемач/ка во културно-социјален центар „Комитет“

„ЛГБТИ Центарот за поддршка“, подружница на „Хелсиншкиот Комитет за човекови права – Скопје“ објавува оглас за вработување на социјален/на претприемач/ка во рамки на проектот Техничка поддршка за започнување социјална деловна активност како модел за самоодржливост на услугите за зајакнување на маргинализираните заедници„Комитет – развивање на социјално претприемништво“, поддржан од „Фондација Отворено општество – Македонија“, а за потребите на развивање на социјалното претпријатие, културносоцијален центар „Комитет“.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови: Потребни квалификации:

–  Завршено високо образование

–  Одлично познавање на македонски и англиски јазик

  • –  Одлично познавање на работа со компјутери (Microsoft Office)

    Искуство и вештини:

  • –  Минимум две години работно искуство во мало претпријатие за продажба или дистрибуција на продукти/услуги

  • –  Искуство во областа на социјалното претприемништво

  • –  Искуство во областа на маркетингот

  • –  Вештини за административно и финансиско работење, организирање на активности и

    подготовка на наративни и финансиски извештаи

  • –  Познавање на националните политики, законодавството и праксата во делот на

    социјално претприемништво

  • –  Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените

    задачи и самоиницијативност

  • –  Способности за работа во тим

    Предност ќе имаат кандидат(к)ите со:

  • –  Искуство во работа со маргинализирани групи на граѓани

  • –  Искуство во развивање на социјално претпријатие

  • –  Искуство со работа во граѓански организации

    Опис на работни задачи:

– (До)развивање на успешна бизнис стратегија и бизнис модел на социјалното претпријатие „Комитет“ во координација со CEED Macedonia и програмскиот тим со цел долгорочна самоодрживост на „Комитет“, шелтер центарот „Сигурната Куќа“ и „ЛГБТИ Центарот за поддршка“

  • –  Развивање на стратегијата за односи со јавност и маркетинг стратегија преку кои ќе ги презентираме производите и услугите кои ги нуди „Комитет“ до различните таргет групи

  • –  Спроведување и следење на активностите на проектот кои се однесуваат на обезбедување експертиза и градење вештини и знаења на тимот за концептот на

    социјално претприемништво

  • –  Известување во однос на поставените индикатори и финансиската рамка во

    координација со проектниот тим

  • –  Континуирана анализа и известување за финансиската исплатливост, стратегијата и

    акциски план за работата на „Комитет“

  • –  Целосно превземање на административно и финансиско работење поврзано со

    социјалното претпријатие „Комитет“

  • –  Комуникација со сите релевантни страни во однос на функционирањето на „Комитет“

    како проектниот тим, институциите и потенцијалните клиенти

    Работниот ангажман се однесува за период од 9 месеци со полно работно време од 40 работни часови неделно со покриени придонеси за здравствено и пензиско осигурување, со можност за продолжување. За работното место предвиден е бруто месечен надомество износ од 605 долари во денарска противвредност.

    Потребна документација што треба да ја достават заинтересираните кандидати:

  • –  Кратка биографија (CV) на македонски јазик (во која јасно го наведуваат претходното искуство според условите на огласот);

  • –  Писмо за мотивација;

  • –  Уверение за завршени студии;

  • –  Една препорака од претходен работодавач во слична област;

    Заинтересираните кандидат(ки) треба да ја достават потребната документација по електронски пат на адресата[email protected] со назнака/предмет на поракатаОглас за вработување на социјален/на претприемач/ка во културносоцијален центар „Комитет“Рокот за поднесување на пријавата со потребната документација е 10 март 2021.

    Ќе се разгледуваат пријавите само на оние кандидат(к)и кои ќе достават комплетна документација во зададениот рокСамо оние кандидати кои ќе ги обезбедат доказите за бараните критериуми, ќе влезат во потесен избор и ќе бидат повикани на интервјуНецелосните апликации нема да бидат земени предвидВе молиме во пријавата да ги наведете вашите контакти, телефон и епоштаКандидат(к)ите ќе бидат известени за резултатите по електронски пат во рок од 8 дена по затворањето на огласот.

    ЛГБТИ Центарот за поддршка гарантира дека сите пријавени кандидат(к)и ќе имаат исти услови при изборот без оглед на нивната етничка припадност, родова идентификација, сексуална ориентација, возраст, брачен и родителски статус, раса, попреченост или која било друга основа. Охрабруваме пријавување на заинтересирани кандидат(к)и кои се припадници на маргинализираните групи со кои работи ЛГБТИ Центарот за поддршка.

    Лице за контактЉубомир Фаизов [email protected] Програмски координатор

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp