Придружeте ни се на третото и последно од серијата отворени предавање за студенти за заеднички да го истражиме концептот на критичната дискусија како идеален модел за разрешување на разликите во гледиштата на конструктивен и логички издржан начин.
Ќе го истражиме моделот на критична дискусија според Ф. ван Емерен и Р. Гротендорст во рамките на т.н. „прагма-дијалектичка“ теорија на аргументацијата, вклучувајќи ги и „десетте правила“ врз кои се базира кодексот на рационалната дискусија во контекст на овој модел.
Не пропуштајте да дознаете како прагма-дијалектичката теорија на аргументацијата ги третира логичките грешки во дискусијата која ќе ја води проф. Д-р. Ана Димишковска.
Предавање: „Кога правиме логички грешки? Правила на критичка дискусија и аргументација“
Локација: Голем амфитеатар на Филозофски факултет – Скопје
Датум: 27 март 2024 година (среда)
Време: 17:00 ч.
Најавето го своето присуство со пополнување на формата достапна на следниот линк: https://forms.gle/oWaorjSbpieTiU5a7
Оваа активност ја органзира Младински образовен форум со поддршка од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.