Зошто се намалува присуството на гласачи на изборите во современите демократски друштва? Кои се најголемите предизвици пред изборниот систем денес, и како задолжителното гласање може да помогне во нивната превенција? Какви се можните позитивни и негативни последици од правото на гласање на лицата на возраст од 16 години?
Присуството на гласачи на изборите во демократските земји се намалува од година во година. Многу теоретичари предлагаат решение за овој проблем – задолжително гласање. Дали е време да гласањето стане задолжително право и одговорност? Дали треба да се дозволи гласање на лицата на возраст од 16 години?
Ни претставува задоволство да Ве поканиме на првото oд серијата отворени предавање за студенти на тема „Што ни носи иднината на демократијата? Дилеми и предизвици – Воведување на задолжително гласање и стекнување на избирачко право со 16 години“, на кое одговори на овие прашања ќе добиете од доцент Д-р Марко Кртолица.
Очекувајте интересни информации, размислувања и дискусија, како и примери од европски држави во кои правото на глас се стекнува со навршување на 16 години.
Време: 17:00 ч