Oтворен повик за преведувач/лектор од македонски на албански јазик

🌟Придружете ни се! 🌍📚

Во рамките на проектот „ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина“, објавуваме повик за преведувач/лектор кој ќе работи на преводи и лектура од македонски на албански јазик за проектни активности. Ова е одлична можност за професионалци со одлични јазични вештини и желба да придонесат за позитивни промени! 📝✨

📌 Што нудиме?
🔹 Ангажман во рамките на проектни активности.
🔹 Прилика за работа на значајни проекти со општествено влијание.

📌 Кој е идеалниот кандидат?
Завршени додипломски студии (најмалку прв циклус).
✅ Работно искуство како преведувач/лектор.
✅ Одлично познавање на македонски и албански јазик.

📅 Рок за аплицирање: 17.12.2024 година⏳

👉 Повеќе информации и детали за аплицирање:
Повик за преведувач/лектор од македонски на албански јазик

Вашите вештини можат да направат разлика! 🌟

Проектот “ЗЗЗ – Заеднички за Зелено Застапување за Заштита на Животната Средина” е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas, во партнерство со Center for Youth Activism KRIK / КРИК, Center for Social Initiatives “Nadez” и Здружение на социјални работници на Македонија – ЗСРM.

Целта на проектот е воведување на еколошката т.н. „зелената“ перспектива во стручната социјална и младинска работа, како една од клучните перспективи за заштита на животната средина, но воедно и за градење инклузивно и демократско општество за сите.

Сподели на