Online Living Library на тема “Говор на омраза”

Центар за интеркултурен дијалог (ЦИД) во соработка со Форум ЗФД се приклучија во организирање на Online Living Library (со говорници / книги) на темата “Говор на омраза”. „Книгите“ ќе бидат луѓе од различна етничка припадност, а целта на настанот е давање на можност и простор на луѓето коишто доживеале говор на омраза или биле дискриминирани врз основа на нивната етничка припадност.

Со овој настан се надеваме дека ќе им дадеме поддршка на жртвите, ќе ја подигнеме свеста за омразата и дискриминацијата што се случува околу нас и ќе ја охрабриме емпатијата и реакцијата кај оние што се среќаваат со ваквите случки.
Датум: 14.12.2020
Време: 19:00
Место: Онлајн (ZOOM платформа)
Пријавите треба да ги поднесете најдоцна до 11.12.2020
 
 

Сподели на