„It’s up to me“ е холистички пристап, едногодишен процес каде што се развиваат висококвалитетни компетенции за обучувачи и младински работници кои ќе работат на пренесување на знаење, организирање и испорачување висококвалитетни проекти во рамките на Еразмус + програма.
Целта на проектот е да придонесе за подигнување на квалитетот на проектите Еразмус + кои ќе се организираат во иднина, развивање на капацитетите на организациите и подобрување на квалитетот на младинската работа.
Помеѓу двата курса ќе има структуриран процес на коучинг и менторство каде сите учесници ќе работат на развивање на нивните компетенции додека организираат локални проекти и активности кои ќе бидат дизајнирани за време на првиот курс.
Повеќе информации за повикот и за услови за учество можете да пронајдете тука.
Рокот за аплицирање е до 25 април.