„Возиме за бегалците“ – Велосипедска тура по повод Светскиот ден на бегалците (20 јуни)

Драги пријатели, 
 

Од срце ве покануваме да ни се придружите на велосипедската тура „Возиме за бегалците“ која ја организираме по повод 20 Јуни, Светскиот ден на бегалците. Турата ќе се одржи на 20 јуни – понеделник.

 

Повеќе детали, како и мапа на понудените три тури можете да најдете во формуларот за регистрација, кој би замолиле да го пополните не подоцна од 15 јуни. Стартот е планиран за 8:00 наутро за турите 1 (од Мост Обединети Нации – Карпош 4) и 2 (од Мост Близнак – Аеродром), додека стартот ќе биде во 8:15 наутро за турата 3 (поранешно МИ-ДА, сегашно Анхоч, Барбакан, ОБСЕ, бул. Илинден). На секоја од трите тури ќе има назначени редари кои ќе се идентификуваат пред турата и ќе ги насочуваат велосипедистите. Црвениот крст на град Скопје ќе обезбеди две медицински екипи кои ќе реагираат во случај на потреба. 

 

Придружете ни се за заедно да ја испратиме пораката дека:

СЕКОЈ, СЕКАДЕ, СЕКОГАШ ИМА ПРАВО ДА БАРА СИГУРНОСТ

 

Турата е во организација на следните организации и институции: Агенцијата за бегалци при ОН, УНХЦР, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, Регионалната иницијатива за миграции, азил и бегалци (МАРРИ), Меѓународната организација за миграции ИОМ, Црвениот крст на град Скопје, Македонското здружение на млади правнициМладинскиот образовен форум и Центарот за право на бегалци и миграција при Правниот факултет Јустинијан Први – Скопје.

Сподели на