Ден на Европа – 9 мај, Обединети во различноста

Ден на Европа, воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, се смета за прв важен чекор во настанувањето на Европската Унија, а го прославува единството и мирот во Европа. „Обединети во различноста“, мотото на Европската Унија, првпат почна да се користи во 2000 година. Тоа означува како Европејците се обединија, во форма на ЕУ, да работат за мир и просперитет, а во исто време да бидат збогатени со многу различни култури, традиции и јазици.

По повод неговото одбележување Europe House Скопје, Струмица и Крива Паланка ве покануваат да учествувате во креирање на програма по ваша мерка. Програмата би траела повеќе денови со можност за вклучување на различни типови на настани и активности.

Споделете ги Вашите идеи, предлози и мислења ТУКА заеднички да креираме интересна програма која ќе се памети.

 

Сподели на