Донирај и научи да одгледуваш печурки!

За нас

Запознајте го тимот Mushroom network!

Mushroom Network е различен тип на градина и е прва од ваков вид каде се едуцираат млади невработени лица како да одгледуваат медицински печурки во домашни и контролирани услови, користејќи го моделот на циркуларна економија. Ќе се врши обука за одгледување на: Реиши, Шитаке, Лавовска Брада, Маитаке, Буковка. Моделот претставува инкубатор за печурки и истиот е апликативен и репликативен – производството може многу лесно да се реплицира и реализира во рурални места каде што нема можност за влез во друг бизнис.

Целта на нашето социјално претпријатие е да едуцираме млади невработени лица како да одгледуваат печурки.

Како што започнува кинеската поговорка – Дај му на човек риба и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да лови риба и ќе го нахраниш за цел живот“. Ние ќе ја измениме оваа поговорка и ќе ја прилагодиме на нашата мисија: Дај му на човек печурки и ќе го нахраниш за еден ден. Научи го да произведува печурки и ќе го нахраниш за цел живот.

Нашиот тим е составен од млади агрономи, кои одгледувањето на печурките ќе го направат интересно и поучно, а со нив покрај производството на здрава храна, ќе произведете и лек!

Со Донирањето ќе Ви овозможиме основен курс како да припремате хранлива подлога – супстрат за одгледување на печурки и менторска поддршка во производството од страна на млади агрономи.

Со самото ваше донирање, ќе научите како да произведете печурки, ќе добиете повеќе информации за хранливата вредност на печурките и како се приготвуваат, како и прирачник за садење печурки.

Курсевите ќе се одвиваат во нашето социјално претпријатие Mushroom Network, за лицата кој што не можат да доаѓаат во нашето социјално прептријатие ќе се овозможи онлајн обука на платформата zoom.

Сите кои што ќе ја поддржат нашата иницијатива ќе добијат: Стручна помош и поддршка за производство на различни видови печурки, ќе обезбедиме повеќе информации за хранливата вредност на печурките, електронски прирачник за одгледување на печурки, основен курс како да припремите хранлива подлога – супстрат и најчестите проблеми во одгледувањето на печрки, менторска поддршка од страна на млади агрономи.

 

Канцеларија во село Вешје каде што ќе се вршат обуките за производство на печурки

Добиените средства ќе се реинвестираат во нов супстрат за наредната сезона и во нова опрема која што ни е потребна при производството на печурките.

Печурките се ценети заради својата хранлива вредност. Протеините на печурката имаат сличен состав со протеините од животинско потекло и затоа се биолошки повредни од растителните протеини. Печурките содржат мал процент на масти и затоа се сметаат како диетална храна. Освен тоа, содржат голем процент на минерали и витамини. Некои печурки се одгледуваат само заради лековитоста, како на пример медицинските – Шитаке, Реиши, Маитаке кои имаат антиканцерогени својства.

Печурките се одгледуваат на суровини кои слабо се користат или воопшто не се користат за друга намена. Може да се произведуваат во текот на целата година на релативно мал простор во краток циклус на производство.

Приклучете ни се!

Препораки за донирање:

Помала препорачана сума и што поддржувачот би добил за таа сума:

200 денари – доколку сакате да ја поддржите нашата иницијатива

500 денари – ќе добиете електронски прирачник за садење на печурки

1000 денари – ќе го добиете нашиот курс за одгледување на печурки

1500 денари – ќе добиете прирачник, семе, курс и менторска поддршка од страна на нашите агрономи

5000 денари – ќе добиете комплетна поддршка и посета од страна на нашите агрономи на вашите фарми

Сподели на