Еко-прашалник: Пријави проблем, вклучи се, биди корисен!

Дали вашата општина има проблеми со управување со отпад или депонии? Проблеми со организирањето на јавните локални простори? Постои недостаток на велосипедски патеки и алтернативна мобилност? Можеби загадениот воздух, почва или загадената општинска вода е нешто што највеќе ве загрижува?

Пријави проблем, вклучи се, биди корисен! Пополни го прашалникот на следниот линк: https://forms.gle/11c5feV1pbghk3iK8

Проблемите во животната средина се повеќеслојни, што влијае на целокупниот квалитет на живот во урбаните и руралните средини. Младински образовен форум во рамки на проектот „Креативна младинска акција за животна средина“ сака да постигне поголемо вклучување на младите, со цел да се ангажираат, солидаризираат и да учествуваат во процесите на своите заедници. Проектот има за цел поттикнување на примена на одржливи активистички практики преку креирање дијалог меѓу различните чинители и заедничко дејствување за решавање на еколошките проблеми во локалните заедници.

Мапираните еколошки проблеми од овој прашалник понатаму ќе бидат дискутирани и со локални организации, локалната самоуправа и бизнис-секторот за пронаоѓање на решение. Во рамки на проектот ќе бидат реализирани 5 локални еколошки акции за мапираните проблеми. Исто така, ќе бидат креирани и документарно-новинарски видеа за процесот на застапување за решавање на проблемите.

Проектот „Креативна младинска акција за животна средина“ се спроведува со поддршка од Фондација Отворено општество Македонија.

Сподели на