Завршна конференција на проектот „Заедничка акција против говорот на омраза на локално ниво’’

Хелсиншкиот комитет за човекови права организира завршна конференција на проектот ,,Заедничка акција против говорот на омраза на локално ниво’’, која ќе се одржи на 22.12.2021 година (среда)  со почеток во 11: 00 часот во Хотел Панорамика (Водно)- Скопје. Овој проект се спроведуваше во текот на 2021 година, со поддршка од Фондацијата отворено општество Македонија. 

 

На настанот ќе биде презентиран Годишниот извештај за состојбата со говорот на омраза на локално ниво во градовите Тетово, Битола и Штип. Извештајот се заснова на осуммесечен мониторинг на говорот на омраза на социјалните мрежи, следење и анализа на активностите на спортските навивачки групи, младинските движења и асоцијации, испишувањето графити, културни настани и слично. Завршната конференција ќе стави фокус на интернет заплашувањето помеѓу средношколската младина, а ќе бидат презентирани и наодите од спроведената фокус група со навивачка група.

 

Ќе ни претставува чест и задоволство доколку ни се придружите на овој настан. Ве молиме вашето присуство  да го потврдите најдоцна до 21.12.2021 година на  електронската адреса [email protected].mk или на телефонскиот број  +389 2 3119 073.

Хелсиншкиот комитет за човековите права

Сподели на