Изложба „Мултикултурализмот низ објективот на младите“

Во рамките на проектот „МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ И РАДИКАЛИЗАЦИЈА: Нови пристапи кон старите проблеми„ Акциски грант на ЦИВИКА Мобилитас, Ве информираме дека на 16-ти Февруари 2022 година, со почеток во 11.00 часот во вашите простории на МЛАДИ ХАБ – Рекорд, Центар, ќе имаме изложба под наслов „МУЛТИКУЛТУРАЛИЗМОТ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА МЛАДИТЕ“

 

На изложбата ќе бидат  претставени фотографии и кратко видео кои младите учесници (средношколци) од Скопје ги изработија во рамките на активноста работилница за креативни алатки (мултикултурализам) – акција во заедницата. 

 

 

Сподели на