Кампања за младински приоритети „Слушни ме“

Веб страницата и кампањата „Слушни ме“ се спроведени од  Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) во партнерство со Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ – Штип), Центар за едукација и развој – Теарце (ЦЕД – Теарце) и Центар за интеркултурен дијалог – Куманово (ЦИД – Куманово). 

 „Слушни ме!“ е информативна кампања за покревање на свеста кај младите за проблемите и приоритетите кои ги имаат на локално ниво, во пресрет на локалните избори 2021. Слушни ме!“ цели да ги пронајде и промовира потребите на младите од шест општини: Карбинци, Куманово, Липково, Теарце, Тетово и Штип. Преку оваа веб страница младите можат да гласаат за приоритети во секоја од овие општини. Препораките од младите ќе бидат доставени до избраните градоначалници и советници за да се даде идеја и импулс да се заложат за подобрување на локалната самоуправа според потребите на младите. 

Страницата за гласање на локални младински иницијативи е 

www.slushni.me

Кампањата може да ја следите на:
https://www.facebook.com/slushnime

 

Целта на кампањата е да се мотивираат и информираат младите да ги препознаат изборите како начин за демократско учество и да се поттикнат младите да се застапуваат за нивните приоритети како и да се покрене свеста кај кандидатите за градоначалници за потребите на младите во овие локални самоуправи. 

Кампањата е дел од проектот Иницијативата за демократија на Западен Балкан спроведуван од страна на ВФД со поддршка од Британската влада. 

Сподели на