Конкурс за Координатор/-ка за комуникации

СТАР-СТАР Скопје објавува конкурс за ангажирање на Координатор/-ка за комуникации на определено времетраење од девет (9) месеци во Скопје.

 

СТАР-СТАР Скопје е граѓанска, невладина и неполитичка организација која ги застапува интересите на маргинализираните заедници во здравствениот, социјалниот и правниот систем во државата, со апсолутен фокус на сексуалните работници во Македонија. За потребите на организацијата во однос на реализирање на комуникациски активности, Ве покануваме да аплицирате за позицијата:

Координатор/-ка за комуникации  на определено времетраење од девет (9) месеци

Работниот ангажман е 35 часа во работната недела (пон-пет од 10 до 17 часот).

Основниот месечен нето надомест по основ на договор за дело изнесува 25.000 денари на определено времетраење започнувајќи од 01.01.2021 до 3о.09.2021.

Опис на ангажман:

Координатор/-ката за комуникации ги координира и организира сите внатрешни и надворешни комуникациски активности на организацијата вклучувајќи:

·   Континуирано користење на комуникациските средства (алатки) на организацијата со цел овозможување на редовна комуникација и поврзаност на организацијата со целните групи, јавноста, медиумите, соработниците и поддржувачите;

·   Навремено и континуирано известување за сите важни случувања/тековни активности и објавување на сите информации на организацијата користејќи ги средствата за комуникација на организацијата;

·   Промоција на работата и сите содржини кои произлегуваат од проектните и програмските активности на организацијата на национално и локално ниво користејќи ги социјалните медиуми и веб-страната на организацијата;

·   Промоција на работата и заедничките активности на партнерите, соработниците на организацијата како и заедничките активности на националните и меѓународните организации во кои СТАР е активна членка;

·   Активно раководење со официјалната веб-страница на организацијата, платформи на социјалните медиуми и нивно континуирано оддржување;

·   Мониторинг на медиумското покривање на настани и информациите спроведени преку социјалните медиуми и официјалната страна со користење на прес клипинг и мониторирање на дневните, месечните и годишните посети на веб-страницата и социјалните медиуми;

·   Креирање, промоција и координација на содржини кои организацијата ги пласира во јавноста и помеѓу целните групи, вклучувајќи соопштенија и покани за медиуми и партнерски соработници, како и списанија, месечни весници, брошури, лифлети, картички, прирачници и секаков друг издавачки промотивен и јавно-комуникациски материјал;

·   Контрола и раководење со процесите за издавање на сите публикувани материјали, видео и аудио материјали на организацијата;

·   Редовна подготовка за пишување и едитирање на текстуални содржини (на англиски и македонски јазик) за веб-страницата, социјалните медиуми и месечниот онлајн весник на организацијата;

·   Исполнување на други задачи поврзани со комуникациските активности согласно воспоставените внатре-организациски политики и протоколи како и потребите на организацијата.

 

Кандидат(к)ите треба да ги исполнуваат следниве услови:

·   Најмалку три (3) годишно работно искуство во координирање на комуникациски активности и односи со јавност;

·   Напредни вештини за уредување, развој на содржини и користење на социјални медиуми и Интернет апликации;

·   Одлично познавање на македонски и англиски јазик (вербална и пишана комуникација) и високо развиени вештини за уредување и лекторирање на текстови на двата јазика;

·   Добро познавање на WordPress или други платформи за администрирање на веб-страници;

·   Високо развиени комуникациски, истражувачки вештини и вештини за пишување;

·   Насоченост кон навремено извршување на работните задачи;

·   Способност за тимска работа и работа во средина во која се почитуваат различностите;

·   Подготвеност да ги започне работните обврски од описот на ангажманот од 01.01.2021 и претходна задолжителна седумдневна обука и постепено превземање на обврските.

За предност ќе се смета:

·   Искуство во јавна комуникација и управување социјални платформи на теми поврзани со маргинализирани заедници (сексуални работници, ЛГБТ, корисници на дроги, луѓе што живеат со ХИВ, итн);

·   Солидни вештини во користење на програми за графичко уредување;

·   Искуство во работа во здружение на граѓани.

Начин на аплицирање:

Најдоцна до 10.12.2020 година  заинтересираните кандидат(к)и треба да достават:

·   Детална биографија (во која јасно го наведуваат претходното искуство според пропозициите и условите на конкурсот);

·   потврда за познавање на англиски јазик (сертификат, диплома или друга потврда);

·   писмо за мотивација на македонски јазик со вклучени референтни линкови до социјални медиуми и интернет страни со кои кандидатот управува а се во сопственост на невладини организации, фондации, институции и/или компании).

Документите со назнака Конкурс за Координатор/-ка за комуникации Ве молиме доставете ги најдоцна до 10.12.2020  година до 16 часот на следнава електронска адреса: [email protected]

Комисијата за избор на СТАР-СТАР Скопје ќе разгледува и одлучува само по оние апликации во  кои кандидатите/ките ја доставиле комплетната барана документација. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на разговор. Во зависност од изборот, организацијата го задржува правото да спроведе  тестирање на искуството и знаењето на кандидатите. Ве молиме наведете телефон за контакт и електронска адреса.


Кандидатите/ките ќе бидат известени за резултатите, по електронски пат, во рок од 10 дена по затворање на Конкурсот.

За повеќе информации за работата, програмите и активностите на СТАР-СТАР на следниов линк: www.starsexwork.org

Сподели на