Крик е дел од иницијативата за создавање на „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“

Jануари, 2024

На 17ти Јануари се одржа настан за презентација на инцијативата „Формална мрежа на даватели на социјални услуги“, организиран од страна на 11 граѓански организации кои работат во социјлната заштита или се даватели на социјални услуги: Крик, СОС Детско Село, Хуманост, Хера, Порака – Неготино, Кризен Центар Надеж, Отворена Порта, Монтесори, ХОПС, Инклузива, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености- Велес. Настанот се одржа во просториите на Едукативнитот центар М6, во Скопје. „Формалната мрежа на даватели на социјални услуги’’ има цел да го зајакне здруженото делување на организациите во областа на социјалната заштита, како и да ги поддржи истите во обезбедувањето на квалитетни и достапни социјални услуги до корисниците кои доаѓааат од ранливи категории.

На настанот свое воведно обраќање имаше Мила Карадафова Ангеловска, извршна директорка на Центар за младински активизам КРИК, која ја претстави иницијативата пред присутните учесници:

„Визијата на Националната стратегија за деинституционализација во Република Северна Македонија 2018-2027 „Тимјаник“ беше да воспостави систем за испорака на социјални услуги, заснован на пристапот на човекови права кој ќе ги унапредува правата, вклученоста и достоинството на корисниците. Стратегијата посочува дека ‘Рбетот на новиот систем ќе бидат услуги за персонализирана грижа и поддршка, добро интегрирани на сите нивоа, флексибилни и способни да се прилагодат кон промени и нови потреби. Имаме одговорност пред се кон нашите корисници, но и сите граѓани на оваа држава да работиме сплотено и понатаму кон подобрување во социјалната сфера, затоа што само држава која има силна социјална заштита, здрав образовен систем и каде што владее правото може да понуди перспектива, достоинствен живот и по инклузивно општество за сите. За да можеме да ја обезбедиме одржливоста на постоечките социјални услуги, но и да стимулираме отворање на нови во региони каде има недостаток на социјални услуги, неопходно е итно преземање на посериозни чекори кон унапредување на системот а ние сме подготвени да бидеме дел од тоа и можеме и сакаме да придонесеме бидејќи имаме и капацитет, и експертиза а сега веќе полека но сигурно стануваме рамноправен дел од системот. Имаме и знаење и храброст, иако без доволно ресурси, да бидеме иноватори и да пилотираме нови услуги и програми во заедниците и да бидеме застапници и ГЛАС на нашите корисници.“

Во рамки на настанот, се одржаа и две панел дискусии на тема „Стратегиски можности за партиципативен развој на социјалните услуги“ и „Преку вмрежување и соработка до развој, инклузија и еднакви можности“. На панел дискусиите учествуваа претстаници на меѓународните организации во земјава кои изразија силен интерес и поддршка за иницијативата, помеѓу кои г. Steffen Hudolin Head of Cooperation in the EU Delegation to North Macedonia, Г-ѓа Росана Дуџиак постојан координатор на ОН во С. Македонија и  г. Харолд Фугер, Аташе за социјални прашања на Австриското Министерство за социјални прашања, здравство, грижа и заштита на потрошувачите, како и претставник на државните институции, г. Флакрон Беџети, државен секретар при Министерството за труд и социјална политика, кој ја поздрави оваа иницијатива и ја истакна улогата на граѓанските инситуции во обезбедувањето на социјални услуги преку нивната експертиза.

Исто така, на панелите свое обраќање имаа и директорот за развој на програми  на СОС Детско село г-дин Марио Јанчев и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА кои ја образложија потребата од здружуваањето на организациите во мрежа и заедничкото делување на лиценцираните даватели  на социјални услуги. Главната цел на настанот беше да се истакне потребата од заедничко здружување, преку разгледување на социјалната реформа која се темели на три клучни постулати: децантрализација, деинституционализација и плурализација на системот на социјална заштита. Третиот постулат на реформата – плурализација значи и диверзификација на социјалните услуги од страна на недржавни даватели на социјални услуги. Преку здружувањето и заедничкото делување се јакне влијанието на организациите во нивното организирано застапување за заеднички цели, но и се воспоставува дијалог помеѓу давателите на услуги и институциите кои се кратори и спроведувачи на политики. Преку мрежата би се обезбедила одржливост на веќе постоечките социјални услуги, но и би се поттикнало отворање на нови центри за давање на социјални услуги во региони каде има недостаток на истите.

Идејата на Мрежата е преку овој настан да ги информира сите засегнати страни за отпочнувањето на работата на мрежата, да го мотивира приклучувњето на нови членки и да прерасне во самоодржлива мрежа која ќе биде активен чинител во општеството.




Сподели на