[Младите можат] Повик – Младински локални банки, Центар

Почитувани,

Ве известуваме за повик од страна на Младинската банка (Центар) кој е поддржан од Младите Можат и Општина Центар.

Младински банки е програма чија главна цел е да го зголеми учеството на младите во процесите поврзани со локалниот развој преку доделување на неповратни парични средства за проекти кои ги креираат и водат неформални групи на млади.

Предлог проект можат да поднесат млади кои живеат на територијата на општината Центар, имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат, млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.

Прифаќаме предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите  за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.

Појаснување на критериумите за проекти:
1)  Безбедност во сообраќајот
2)  Простори за млади каде ќе може да делуваат
3)  Унапредување на животот во локалната заедница (животна средина, урбанизам, простори за спорт и рекреација и сл.)
4)  Подобри услови и згрижување на уличните животни
5)  Организација на културно-забавни настани за млади (може да бидат и со хуманитарен карактер)
6)  Поддршка на идеи на млади локални социјални претприемачи.

Повикот за предлог проекти е отворен до 20 јули 2022 година, а младинската банка Центар ќе ги извести за конечната одлука како поддршка на проектите најдоцна до 27 јули 2022 година. Предвидено е сите поддржани проекти да се реализираат во периодот од 1 август до 31 октомври 2022 година.

Во прилог ви го испраќаме повикот и аплицискиот формулар што можат да го пополнат сите заинтересирани . За повеќе информации можете да се обратите на:

 
Ви благодариме, 
 
Тимот на Младите можат

Сподели на