Настан „Младински разговори 1.0: Инспирација, дијалог, акција“

Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Ве покануваат на настан на тема „Младински разговори 1.0: Инспирација, дијалог, акција“, кој ќе се одржи на 12 март 2024 година (вторник), во просториите на Студентски културен центар-Скопје, со почеток во 10:30 часот.

Настанот ќе започне со изложба на тема „Патот на перспективите и младинските политики низ поглавјата на платформата Youth Wiki“. На изложбата ќе можете во повеќе детали да се запознаете со сите поглавја на Youth Wiki – првата онлајн енциклопедија и сеопфатна база на податоци за младински политики.

Потоа ќе се одржи дискусија за актуелните младински политики, како платформата Youth Wiki и ЕУ младинскиот дијалог. На дискусијата ќе учествуваат претставници од НАЕОПМ и НМСМ.

Настанот ќе заврши со симулација на ЕУ младинскиот дијалог, каде преку работа во групи ќе имате можност заедно со претставници на институциите и носителите на одлуки, директно да креирате препораки за развојот на младинските политики во државата.

Целосната агенда за настанот е достапна ТУКА.

Не ја пропуштајте оваа можност, пријавете се на настанот со пополнување на овој ФОРМУЛАР, најдоцна до 11 март 2024 година (понеделник).

Сподели на