Оглас за практиканти

Услови за аплицирање:

1. Практикантот да не е во работен однос,

2. Практикантот да не е постар од 34 години,

2. Практикантот да има завршено најмалку основно образование,

3. Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење,

4. Да има солидно познавање на Англиски јазик.

5. Да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

Времетраење на пракса: Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во Сектор за човечки ресурси и поддршка на директорот, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 10.03.2021 година.

Обврска на практикантот:

– да достави потполнет документ за упатување на пракса од образовната институција испечатен на официјалниот меморандум и заверен со потпис и печат од образовната институција

– континуирано да води дневник за текот на праксата.

– задолжителна редовност во институцијата за периодот на пракса.

Обврска на органот:

– да му обезбеди ментор на практикантот.

– да му обезбеди паричен надомест на практикантот за целото времетраење на праксата.

– да му издаде потврда за остварена пракса со потпис од овластено лице и печат од органот, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт [email protected]. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Агенција за млади и спорт, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 08.03.2021 год.

Сподели на