Повик за практикант/ка

Институт за развој на заедницата објавува повик за практикант/ка на програмата за претприемништво и економски развој.
Единствена можност да се стекнете со знаење и искуство преку работа на меѓународни проекти.
Предуслови:  англиски јазик, MS Office и економски факултет.

Пријавување преку интернет страница: www.cdi.mk

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

Проектот Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@мк) вработува административен асистент (50% – скратено работно време).

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо во кое изразуваат интерес за работното место и кратка биографија (CV) на македонски и англиски јазик, најдоцна до 15 март 2021 година преку е-пошта:  [email protected]  со назнака ТС-02/21.

Преземи го деталниот опис на работните задачи и потребните квалификации.

Проектот ги замолува заинтересираните кандидати да не се јавуваат телефонски. Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Оглас за практиканти

Услови за аплицирање:

1. Практикантот да не е во работен однос,

2. Практикантот да не е постар од 34 години,

2. Практикантот да има завршено најмалку основно образование,

3. Да поседува самоиницијативност, одлучност и желба за учење,

4. Да има солидно познавање на Англиски јазик.

5. Да има познавање на компјутерски вештини – Microsoft Office.

Времетраење на пракса: Практикантот ќе биде континуирано присутен на пракса во Сектор за човечки ресурси и поддршка на директорот, во временски период од 3 месеци, со полно работно време, почнувајќи од 10.03.2021 година.

Обврска на практикантот:

– да достави потполнет документ за упатување на пракса од образовната институција испечатен на официјалниот меморандум и заверен со потпис и печат од образовната институција

– континуирано да води дневник за текот на праксата.

– задолжителна редовност во институцијата за периодот на пракса.

Обврска на органот:

– да му обезбеди ментор на практикантот.

– да му обезбеди паричен надомест на практикантот за целото времетраење на праксата.

– да му издаде потврда за остварена пракса со потпис од овластено лице и печат од органот, заверена со архивски број.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт [email protected]. Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Агенција за млади и спорт, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.
Огласот е отворен најдоцна до 08.03.2021 год.

КОНКУРС ЗА МЛАДИ МУЗИЧКИ УМЕТНИЦИ

Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за Млади музички уметници со кој ги повикува младите автори да поднесат свои авторски дела.

Целта на овој конкурс е анимирање, промоција и стимулирање преку награди на младите музички уметници. Годинава конкурсот се одвива во рамките на Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. 

Сите заинтересирани, можат да земат учество во старосна категорија од 15 до 29 години. Комисијата ќе ги разгледа сите пристигнати апликации, но ќе ги земе во предвид за награди и објавување само делата што одговараат на условите на Конкурсот. При одлучувањето, комисијата ќе ги оценува: талентот, оригиналноста, идејата и вкупниот впечаток што го остава делото. Општи услови за аплицирање на Конкурсот Млади музички уметници 2021 Конкурсот за Млади музички уметници 2021 се одвива во рамките на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, национална иницијатива поведена по повод 100-годишнината од раѓањето на овој истакнат македонски писател и филолог, која се реализира под покровителство на Претседателот на државата и со поддршка на Претседателот на Владата. 

По повод Годината во чест на Блаже Конески, Агенцијата за млади и спорт ги повикува младите автори да поднесат свои музички творби инспирирани од творештвото на Блаже Конески, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Да се на возраст од 15 до 29 години; 2. Да пријават една сопствена необјавена и неизведена композиција. Нема да бидат прифатени аранжмани; 3. Пријавената композицијата да содржи стихови од Блаже Конески и да не биде подолга од 4 минути. Конкурсот е отворен за двa музички жанра – класична музика и популарна музика. Под категоријата класична музика се подразбира дело создадаено за вокален солист и придружба по избор: хармонски инструмент (пијано, гитара, хармоника и харфа) или камерен ансамбл. Под категоријата популарна музика се подразбира новосоздадена композиција за вокален солист и инструментална придружба со жанровска специфика рок, поп, етно, џез и друго. Делата со кои аплицираат авторите треба да кореспондираат со современите уметнички практики, и да имаат изразен индивидуален и креативни ракопис.

Награди
На конкурсот, кој годинава се реализира за првпат, по повод Годината во чест на Блаже Конески, ќе бидат доделени
две награди и тоа:
Награда за најдобро дело во жанрот класична музика во висина од 25.000 денари;
Награда за најдобро дело во жанрот популарна музика во висина од 25.000 денари.

За делата во кои учествуваат повеќе автори, наградниот фонд се дели подеднакво меѓу сите автори. Покрај паричниот надомест, за наградените музички творби ќе бидат обезбедени авторските права за користење на песните на Блаже Конески, со што ќе биде овозможено нивно емитување преку класичните и интернетски медиуми, а наградените автори ќе бидат поканети да учествуваат и на дел од културните манифестации организирани во рамките на „2021 – Година во чест на Блаже Конески“. Забелешка: авторите на музичките творби кои нема да бидат наградени немаат право да ги емитуваат истите преку било кој јавен медиум, без претходно да ги обезбедат авторските права за користење на песните на Блаже Конески, за што треба да се обратат до Македонската авторска агенција ([email protected]; телефони за контакт : 02 3114 655, 02 3115 762, 02 3114 776) Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори на возраст од 15 до 29 години, кои компонираат и интерпретираат музика, да ги достават своите дела на конкурсот. Истите ќе бидат оценувани од страна на стручна комисија. 

Секој кандидат (индивидуален или групен) своето дело треба да го достави снимено на USB со прилог демо снимка, во затворен плик. 

Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот, а во средината треба да биде назначена точната адреса на Агенцијата за млади и спорт. Во пликот треба да има уште еден затворен и запечатен плик кој ги содржи податоците за авторот (име, презиме, возраст, контакт телефон и електронска адреса, како и копија од документ за лична идентификација, која по завршување на конкурсот ќе биде уништена согласно Законот за заштита на личните податоци). 

На горниот лев агол од овој плик треба да стои ознаката „Не отворај”. Адресата на која треба да се испратат авторските дела е: Агенција за млади и спорт Сектор млади ул. Македонија 38, (Палата „Панко Брашнаров“) 1000 Скопје Делата можат да се достават и лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт. 

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на mail: [email protected] или [email protected] секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенцијата за млади и спорт, Сектор млади. Рокот за доставување на делата е 30 дена, сметано од денот на објавување, осносно до 25 март 2021 година. 

Join YFoEE’s 1st Volunteers Program!

You have always dreamed of getting active and fighting for climate justice at the European level? Then, read this article, this is for you!

Young Friends of the Earth Europe (YFoEE) launches the first edition of its Volunteers Program!
All young activists of the network (or willing to join us!) are invited to apply for joining this brand new Volunteers Program! 

All young activists of the network (or willing to join us!) are invited to apply for joining this brand new Volunteers Program! 

What can you expect?

  • Get active on the topic of your choice and make a real change!
  • Develop your skills and knowledge on a variety of topics (e.g. activism, EU policy, communication, event management, etc.)
  • An online space to build strong relations and get organised.
  • Dedicated training and meeting sessions 
  • Priority to attend Young FoEE events (e.g. summer camp) and international conferences (e.g. COP26)
  • Be part of a nice group of enthusiastic activists coming from different countries and organisations. What else?! 

    Application process

    We know this is the call you were looking for, for ages.
    Don’t let it pass and apply here before 7th March 2021!

    • Application link: www.menti.com/4eddacfb4v
    • Deadline: 7th March 2021
    • Limited number of participants. The selection process will take place in March 2021.
    • Age group: 18-30

    More information

    More information about the Young FoEE Volunteers Program in the PDF document (below).
    Contact: [email protected].

Text

Ромската жена во 21ви век: Можности, придонеси и предизвици

Коалицијата Khetane по повод 8 Март – Меѓународен ден на жената во рамки на проектот “Ромската жена, моќ на промена на Западен Балкан и Турција” поддржан од ЕУ, спроведуван од Рома Актив Албанија во соработка со националниот партнер РРОМА организира панел дискусија “Ромската жена во 21ви век: Mожности, придонеси и предизвици”. Настанот ќе се одржи во просториите на ЕУ куќа (Europe House Skopje). Поради запазување на протоколите од КОВИД-19, панел дискусијата ќе биде пренесувана во живо на нашата фејсбук страницата.
Агендата на настанот е следна:
10:30 – 10:50 Воведно обраќање и поздравни говори
– Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска – Сопруга на Претседателот
– Г-дин Дејвид Гир, шеф на делегација на ЕУ во Република Северна Македонија
– Г-дин Мустафа Јакупов, претставник од коалиција KHETANE
10:50 – 11:50 Панел „Жените Ромки во 21 век – можности, придонеси и предизвици“
Г-ѓа Дилбера Камберовска – „ДАЈА“ Куманово
Г-ѓа Кјмет Амет – РАЖМ „ЛУЛУДИ“ – Скопје
Г-ѓа Сузан Амет – „МИР“ – Скопје
Г-ѓа Енисе Демирова – „Черења“ – Штип
Модератор г-дин Ерол Адемов
11:50 – 12:00 Заклучоци, завршно обраќање и затворање на настанот

Јавен повик за упис во регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации

1. Барање за упис во Регистарот кое се поднесува во писмена форма, потпишано од овластено лице кое ја застапува и претставува организацијата и на меил: [email protected]
2. Решение за извршен упис во Централниот регистар на Република Северна Македонија, со кое се потврдува дека организацијата е основана најмалку една година
3. Тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија не постара од шест месеци со која се докажува активниот статус на организацијата
4. Статут на организацијата
5. Програма за работа на организацијата
6. Годишен извештај на активности од областа на млади
7. Список со вкупен број на членови на организацијата и
8. Број на членови од 15 до 29 години
[Организациите за млади не се должни да ги поднесат документите од точка 7 и 8]
Сите документи се доставуваат во писмена форма и по електронска пошта на: [email protected]Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.“>

Младинска чадор организација кон барањето за упис во Регистарот ги доставува документите од точка 2 до точка 6, надополнети со:
1. Список на членки – младински организации и организации за млади во кој е наведено од кој плански регион на Република Северна Македонија имаат седиште
2. Список на членови на највисокиот орган на управување каде е наведен датумот на раѓање на секој од членовите
Прилозите кон барањето се доставуваат во оригинал или како заверена копија.
Податоците содржани во барањето мораат да бидат идентични со податоците содржани во прилозите.
Барањето за упис во Регистарот младинската организација и организацијата за млади го поднесуваат на образецот во Прилог 1, а младинската чадор организација на образецот во Прилог 2.


По поднесување на Барањето од Ваша страна Агенцијата за млади и спорт носи решение за упис во регистарот, во случај барањето за упис во Регистарот да не е целосно, односно доколку не се доставени сите прилози, Агенцијата за млади и сспорт ќе го повика подносителот да ги отстрани недостатоците во рок од 15 дена.
Јавниот повик е отворен со неограничен временски рок
Повеќе информации на следниот линк: https://cutt.ly/WhBi6XL
Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на младински организации, организации за млади и младински чадор организации можете да го најдете на http://www.ams.gov.mk/images/pravilnik_za_registar_s.pdf