Отворен повик за практиканти!

Преку проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста меѓу младите” кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија во соработка со Stella Network отворен е повик за 100 млади лица кои сакаат да се вклучат и поминат низ двомесечна практикантска програма со финансиски надоместок.

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 15 до 29 години
  • Да не се во работен однос
  • Да имаат завршено најмалку основно образование
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од два месеци во назначен правен субјект.

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Назначено ментор лице во правниот субјект каде ќе се изведува практикантството кое ќе ги следи во текот на целата пракса;
  • Назначено одговорно лице од НМСМ кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса;
  • Месечен бруто надоместок во висина од 150 фунти;
  • Можности за учество и вмрежување на настани од проектот;
  • Можност за вработување по завршување на практиканството;
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Заинтересираните кандидати треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат формуларот достапен на овој линк најдоцна до 18 јуни 2023, до полноќ.

За сите останати прашања и информации за проектот или повикот, обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

Повеќе информации за повикот како и за самиот проект, можете да пронајдете тука.

Сподели на