Повик за ангажирање на новинар/ка во Новинската агенција Мета

Фондацијата Метаморфозис објавува повик за ангажирање на новинар/ка во редакцијата на Новинската агенција Мета. Кандидатите кои имаат искуство во новинарството, особено во креирање мултимедијални содржини може да имаат предност пред останатите, но одлучувачки фактор ќе биде нивната креативност и ентузијазам.

Потребно е кандидатите да имаат дигитални вештини. Исто така, се очекува заинтересираните за работа во „Мета.мк“ одлично да го познаваат македонскиот, како и англискиот јазик.

Кандидатите треба да испратат куса биографија и мотивациско писмо во електронска форма на [email protected] најдоцна до 15.08.2021 година. Оние заинтересирани кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Новинарот/ката ќе се приклучи на тимот на новинари во Новинската агенција Мета на определено време со можност за продолжување на договорот.

Фондацијата Метаморфозис верува дека преку истакнување на посветеноста кон родовата еднаквост се зголемува делотворноста на проектите до максималното ниво, се јакне организацијата, се подобруваат програмските ресурси и координацијата со внатрешните и надворешните партнери. Во Метаморфозис се грижиме за целосна усогласеност со националните закони и политики поврзани со родот и трудот, родова еднаквост во пристапот до можности за обуки, образование, учество во процесот на носење одлуки и придонесите од жените и од мажите да бидат видливи и вреднувани.

Сподели на