ПОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ за Скопски маратон 2023

Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на
ОН за бегалци, во Северна Македонија и Скопски маратон отвора повик за волонтери на водна
станица на овогодинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 01.10.2023 година (недела).
Учеството на маратонот освен што ја поттикнува физичката активност и грижата за здравјето кај
младите, има за цел да ја подигне свеста и да служи како мотивација за младински активизам,
солидарност и подавање рака на секого на кого му е тоа потребно. Под мотото „Трчај за
бегалците“ пријави се да ја подигнеш свеста за потребата за солидарност, поддршка и интеграција
на бегалците.

Денот на волонтерите започнува во 6:30 часот наутро.

Обврски на волонтерите:
– Да пристигнат без доцнење на определената локација во Скопје;
– Логистичка помош при поделување на вода и храна на учесниците на маратонот,
– Управување на станиците за вода и насочување на тркачите;
– Создавање на позитивна атмосфера и бодрење на учесниците на маратонот и
– Расчистување и собирање на отпадоци.

Начин на пријавување:
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на формуларот. Рокот за пријавување
е најдоцна до 24.09.2023 (недела) до 23:59 часот.

Дополнителни информации:
Иницијативата „Трчај за бегалците“ се организира 6-та година по ред.
Оваа активност е дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за
лицата под мандатот на УНХЦР“.

За сите дополнителни информации и прашања, може да се обратите на Орце Николовски, на
[email protected] или на 078 421 564.

Сподели на