Повик за набљудувачи и аналитичари за претстојните локални избори

Државната комисија за спречување на корупција објавува 2 повика поврзани со претстојните локални избори.

Првиот повик се однесува за пријавување на набљудувачи на учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021. Станува збор за ангажирање на 50 набљудувачи. Заинтересираните кандидати не треба да се членови на политичка партија, за време на изборната кампања да не се работно ангажирани, да поседуваат возачка дозвола од Б категорија, да имаат на располагање моторно возило. На следниот линк може да ги најдете сите детали поврзани со овој повик за кој рокот за пријавување трае до 31.08.2021 година.

Вториот повик на ДКСК е за пријавување на аналитичари на податоци и информации на учесниците во изборната кампања за локалните избори 2021. Станува збор за ангажирање на 5 аналитичари. Заинтересираните кандидати треба да се дипломирани економисти или да се на завршни студии од областа на економските науки, да знаат да работата во excel и word, да не се членови на политичка партија, за време на изборниот процес да не се работно ангажирани и да имаат основни познавања за работата на политичките партии и изборните кампањи. На следниот линк може да ги најдете сите детали поврзани со овој повик за кој рокот за пријавување трае до 31.08.2021 година.

 

Сподели на