Повик за стипендии и Отворени денови на „Скала“ – Школата за дизајн, уметност и технологија.

Во тек е повикот за стипендии и Отворени денови во „Скала“-Школата за дизајн, уметност и технологија

Школата за дизајн, уметност и технологија „Скала“ (основана од Џолев и уметностите) и Институтот за дизајн и технологија – ИДТ Скопје, со нов отворен повик доделуваат вкупно 24 стипендии. Од нив, 6 се целосни стипендии (100%), 6 полу-стипендии (50%) и 12 ваучери со 30% попуст за Академиите од учебната 2022/23.

„Новата академска година ќе започне со шест едногодишни програми за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн, UX/UI+ дизајн и Product Owner. Повеќето од овие програми се уникатни на пазарот и се посветени на едни од најбараните професии во креативните и ИТ индустрии. Овој традиционален повик за стипендии им дава подеднаква можност на сите лица, без разлика на нивното искуство, да започнат успешна кариера. Наскоро ќе бидат објавени и компаниите кои ќе овозможат дополнителна поддршка и можности за вработување преку овој повик.“ – велат од „Скала“

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на академиите пред кои ќе имаат можност да се претстават преку два типа на интервјуа (поделени во три различни категории) и тоа:

  1. кандидати со искуство од дејноста (преку портфолио);
  2. кандидати без претходно искуство;
  3. кандидати со искуство од друга дејност кои сакаат кариерна промена (преку CV).

Трите категории имаат различен систем на вреднување. Пријавувањето е отворено до 15 јуни на следниот линк, а интервјуата ќе се одржат во период од 15 до 30 јуни.

Покрај актуелниот повик за стипендии, а со цел подобро запознавање со програмите, менторите и можностите за кариера, од „Скала“ најавија и Отворени денови под името „Дизајн коктели, технологии и апетисани“ коишто ќе се одржат на 15, 23 и 24 јуни во релаксирачка атмосфера во „Public Room“ со коктел мени за сите учесници. Официјален почеток на сите Отворени денови е од 18 часот, а регистраците се бесплатни и достапни на следниов линк.

Сподели на