Повик за учесници од Северна Македонија за BOOTCAMP-YETC во Бугарија

Младинската организација Сфера има отворен повик за учесници од Северна Македонија за BOOTCAMP-YETC во Софија, Бугарија во период од 18-22 април 2023 година.

Доколку си лице со возраст над 18 години и имаш желба да научиш нешто повеќе за нови методи и пристапи за промовирање на младинското претприемништво, за различните видови претприемништво како и за современите предизвици пред младите претприемачи, тогаш ова е одлична можност за тебе!

За повеќе информации за проектот и линк до формуларот за апликација, сите заинтересирани треба да испратат е-пошта на [email protected] со тема „BOOTCAMP-YETC BULGARIA“.

Сподели на