Повик за учество во програмата „Balkans Voices“

Дали се сметаш себеси за блогер, поткастер, инфлуенсер? Дали произведуваш сопствена оригинална содржина на теми кои што се важни за општеството? Дали би сакал да ја развиеш својата платформа и да ги зајакнеш техничките, дигиталните и бизнис вештините, преку соработка со врсници од регионот? 

Доколку се пронаоѓаш во одговорите на овие прашања, тогаш оваа можност е за тебе!

Canal France International (CFI), во соработка со Медиацентар Сараево, Албанскиот медиумски институт, Црногорскиот медиумски институт, Македонскиот институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство и Фондацијата за информации, медиуми, дијалог и едукација Косовалајф, Ве покануваат да аплицирате на  “Balkans Voices” Digital Media Program.

Кој може да аплицира?

Доколку сакате да учествувате на “Balkans Voices” Digital Media Program, треба да ги исполнувате следните услови:

  • Да имате 18-35 години;
  • Да сте жител на една од шесте вклучени земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија;
  • Да имате базично познавање на англиски јазик (разбирање и говорење (минимум ниво B1)) за да можете да комуницирате со останатите учесници и да учествувате во активностите без потешкотии;
  • Да бидете достапни за учество во активностите на програмата;
  • Да демонстирате минимум три месеци активна продукција на медиумска содржина и досег до публиката преку вашата платформа;
  • Да бидете подготвени да покривате социјални, еколошки или културни теми како што се (но не ограничувајќи се на):
    • Вработување на млади и иновации;
    • Вредносни можности за младите луѓе од Западен Балкан;
    • Миграција и враќање;
    • Идентитети и малцинства (ЛГБТК+, Роми, Ашкали итн.);
    • Род и родова еднаквост;
    • Животна средина;
    • Човекови права;
    • Теми генерално поврзани со цели на одржлив развој (SDGs)

За програмата „Balkan Voices” Digital Media Program

The “Balkans Voices” Digital Media Program  е дел од проектот “Balkan voices”, финансиран од француското Mинистерство за Европа и надворешни работи и имплементиран од CFI во согласност со службите за соработка и културни активности на француските амбасади во државите каде што се спроведува проектот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Програмата има за цел да ги зајакне вештините на новите соработници на медиумите кај младите луѓе на возраст од 18-35 години во горенаведените земји.

Активности на програмата The “Balkans Voices” Digital Media Program 

По процесот на селекција, ќе се приклучите на група од приближно 60 млади креатори на медиумски содржини од шесте држави кои се дел од проектот и ќе учествувате во активностите на програмата

  • Регионална онлајн конференција, која ќе се одржи на 3 и 4 јуни 2021 година, на која ќе учествуваат 60-те избрани млади луѓе. Ова ќе ви овозможи да присуствувате на настани како што се тркалезна маса, дебати, говори, паралелни сесии заедно со соработници од секторот за онлајн медиуми во регионот.

Исто така, ќе имате можност да дознаете за проекти на други млади луѓе и да комуницирате онлајн. Конференцијата ќе опфати теми како што се:

  • Предизвици да се биде млад медиумски „играч“ во земјите од Западен Балкан
  • Градење на онлајн публика
  • Промоција на медиумска содржина
  • Монетизација на медиумскиот производ
  • Управување со говор на омраза и мразечки коментари
  • Користење на влијанието за промовирање на социјални/еколошки/културни прашања и за зајакнување на ранливи групи

Регионалните работилници ќе се одржат во септември и октомври 2021 година: Ќе имате можност да учествувате на тридневна работилница во еден од главните градови на шесте земји (доколку патувањето е дозволено во тој период) и да учествувате на тренинг-сесии со група од 15 други млади луѓе од државите кои се дел од проектот.

Работилниците ќе опфатат теми како што се:

  • Економски модели за нови медиуми
  • Користење податоци за публиката за насочување кон вашата содржина
  • Алатки за развој на кариерата
  • Фотографија, видео, производство на звук
  • Како да се остане безбеден во дигиталната средина

Од 60-те учесници – креатори на содржина, одреден број на апликанти ќе бидат избрани да учествуваат во понатамошните активности:

  • Еднонеделна програма за развој во Париз во ноември 2021 (приближно 18 млади луѓе ќе бидат избрани од конференцијата и работилниците) и шест месеци менторство (12 учесници од сесијата за развој ќе бидат поддржани преку менторство)[1].

[1] Огранизирано од страна на француска компанија која ќе биде подоцна избрана од страна на CFI.

Комитет за избор и критериуми за избор

Комитетот за избор составен од претставници на CFI и на нашите локални партнери ќе ги оценуваат аликациите и ќе одлучат за изборот на младите актери во новиот медиумски сектор. Резултатите ќе бидат соопштени кон крајот на мај 2021 година.

Критериумите за избор што треба да се земат предвид при изборот се следниве:

Мотивација и способност на апликантот да учествува во програмските активности (конференција и работилница; програма за развој и менторство, доколку е избран) (50/100)

  • Разбирање на целите и поимите на “Balkans Voices” Digital Media Program
  • Подготвеност за натамошен развој на платформата (блог/поткаст/профил на социјална мрежа итн.) на национално и/или регионално ниво
  • Мотивација и достапност за учество во сите активности (вклучувајќи ја и работилницата за развој)
  • Подготвеност за комуникација за секој напредок постигнат во врска со платформата, за време на програмата и по учеството во програмата
  • Посебен интерес или претходно знаење за областите споменати во повикот (видете го делот „Кој може да аплицира“), и мотивација/простор за учење, како и подготвеност за промовирање на социјално релевантни прашања на нивните заедници

Квалитет и релевантност на содржината произведена од апликантот (35/100)

  • Релевантност на темата во однос на критериумите за избор
  • Технички квалитет на веќе произведената содржина
  • Досег на платформата (#прегледи, #следбеници итн.)
  • Потенцијал за унапредување

Креативност и иновативност на содржината произведена од апликантот (15/100)

  • Адаптација на платформата кон дигиталната сфера и оригинален начин да се стигне до публиката
  • Автентичност на форматот и/или на наративот
  • Додадена вредност во споредба со постојните дигитални медиуми

Посебно внимание ќе се посвети на апликациите испратени од жени и апликации што се занимаваат со прашања за родова еднаквост. 

Поважни датуми поврзани со Повикот:

  • Објавување на Повикот за проекти: петок, 16 април 2021 година.
  • Краен рок за аплицирање на интернет-платформата: понеделник, 17 мај 18:00 ч. 
  • Објавување на избраните млади креатори на содржини: 25 мај, 2021.
  • Финализирање на процесот на потпишување на договор за учество: мај-јуни 2021
  • Во последниот процес на избор ќе бидат избрани приближно 18 учесници за програмата за развој во Париз во ноември 2021 (доколку е возможно патување во овој период)

Што треба да содржи апликативното ДОСИЕ

Формуларот за апликација мора да биде пополнет на англиски јазик. Имајте предвид дека за пристап до формуларот потребно е прво да се РЕГИСТРИРАТЕ. Само целосно пополнет формулар ќе биде земен предвид за разгледување.

Зачувајте копија од поднесената апликација.

Апликацијата мора да го содржи следново:

За проектот Balkans Voices” Digital Media Program

Финансиран од француското Министерство за Европа и надворешни работи, главната цел на проектот “Balkans Voices” Digital Media Program е да им овозможи на новата генерација млади таленти да го обноват јазикот што се користи во медиумите и отворено да се изразат на теми што ги инспирираат во секоја земја од која доаѓаат. Проектот спроведува активности со млади луѓе во полето на медиумската и информациската писменост, дигиталните медиуми и аудиовизуелната продукција.

За да дознаете повеќе за проектните активности, посетете ја страницата/cfi.fr/en/project/balkans-voices

Прашања?

Доколку имате прашања, Ве молиме испратете ги на следните адреси, пред 3 мај, 2021 год. до 18:00ч: [email protected] и [email protected]

Одговорите на прашањата ќе бидат објавени на платформата за Повикот за апликации.

Потсетување: Онлајн конференцијата ќе се одржи на 3 и 4 јуни, работилниците ќе се одржат во тек на 3 дена во септември и октомври во земја од Западен Балкан (дополнително ќе се утврди), неделата на развој ќе се одржи во ноември, во Париз, Франција (доколку дозволуваат околностите со пандемијата).

Сподели на