ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦИ ЗА СЛИКАЊЕ

Отворен повик за учество во работилници за сликање „Насликај ја инклузијата“

Здраво девојки!

По повод празникот 8ми Март, ЦМА Крик ќе организира работилници за изработка на уметнички слики!

Работилниците се наменети за млади девојки од 18 до 29 години со попреченост или со типичен развој кои имаат желба да научат техники за сликање и да ги зајакнат капацитетите за креативно изразување. 

За да ни се придружите, пријавете се на линкот подолу. 

Работилниците ќе се одржат во Окупациониот Центар на Крик, на следните датуми:

Локација: Центарот за Окупациона Терапија се наоѓа на ул. Св.Наум Охридски бб, К.Вода (во склоп на Месната заедница во Црниче)

Време: 10:00 – 13:00

Линк за регистрацијаhttps://forms.gle/h3XuFvgUDUkiQ6Xx7

Активностите се финансирани преку Проектот „МладиХаб – Еднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија“ кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје.

Целта на активностите во овој проект е поттикнување финансиска независност на млади девојки со и без попреченост, преку градење на нивните капацитети за вклучување во пазарот на трудот.

Сподели на