Повик за учество на младинска размена „Стрипови-како метод за социјална инклузија”

ЦМА КРИК е во потрага по 4 учесници за младинска размена „Стрипови-како метод за социјална инклузија”

Каде: Пониква, Македонија
Кога:  11.05-16.05.2023

Земји учесници: Македонија, Грција, Латвија и Турција

Профил на учесници:

  • 16 до 30 години;
  • 2ца учесници со помалку можности;
  •  2ца учесници со типичен развој
  •  Мотивирани да учат и придонесат во проектот;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Мотивирани млади за соработка и учество во сите проектни активности.

Цели:

Да се истражат добрите практики за лицата со попреченост на локално и национално ниво во секоја од земјите-партнери на проектот

Да се научи повеќе за различните видови на попречености со кои луѓето со кои се соочуваат и да се изнајде соодветен начин на комуникација

Запознавање со стрипот како метод што може да се користи во младинската работа

Да се користат стриповите како начин за изразување на локалната реалност на лицата со посебни потреби

Да се запознаат повеќе со секојдневието на лицата со попреченост и нивната вклученост во општеството

Да се отвори простор за вмрежување и размена на идеи за идни проекти

Осврт на програмата:

Младинската размена е дел од програмата Ерасмус +, финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност.

Преку планираните активности ќе се овозможи учење и мобилност на млади луѓе од Македонија и различни европски земји да патуваат во Македонија и да учествуваат на едукативна активност од програмата Еразмус+. Ова ќе допринесе за промоција на европскиот идентитет, културниот израз и толеранција, како и за учење и активирање на локалната заедница.

Работи што треба да се знаат за подготовка за мобилноста:

Како учесник, вие се обврзувате активно да учествувате во целиот процес, вклучувајќи:

– учество на координативни состаноци пред патувањето;

– внимателно да ги прочитате сите информации (особено инфо содржиата и сите мејлови што ќе ви ги испратиме пред патувањето)

– да земете активно учество во целиот процес и во сите активности

– да учествувате во евалуацискиот процес по завршувањето на размената

Патување:

Сите трошоци за патувањето ќе бидат подмирени од страна на ЦМА Крик

За да се пријавите поплнете ја апликациската форма не подоцна од 14.02.2023.

Апликациска форма е достапна тука

За секакви дополнителни информации исконтактирајте не на [email protected]

Сподели на