Повик за учество на младински работник/работничка на меѓународна работилница во Талин, Естонија

Сојузот за младинска работа објавува повик за учество на меѓународна работилница за младински работници во рамки на проектот “Professional Development of Youth Workers – PD4D“. Работилницата ќе се одржи во Талин, Естонија, од 28 септември до 3 октомври 2025 година.

Цел на работилницата:

Работилницата има за цел да ги зајакне капацитетите на младинските работници преку споделување на добри практики, соработка со колеги од Европа и развој на лични и професионални компетенции во согласност со Европската рамка за компетенции за младинска работа.

Право на учество имаат:

  • Активни младински работници или лица со искуство во младинска работа (вработени или волонтери);
  • Лица на возраст од 20 години и повеќе;
  • Кандидати со познавање на англиски јазик (работен јазик ќе биде англиски);
  • Лица спремни за активно учество во текот на целата работилница и за споделување на стекнатите знаења по враќање. 

    Пријава

Краен рок за пријавување е 24 јули 2025 година. Заинтересираните кандидати може да се пријават со пополнување на формуларот достапен тука!

Сите трошоци за сместување, храна и патување се целосно покриени од проектот.

Сподели на