Повик за 2 практиканти во КРИК

ЦМА КРИК отвора повик за 2 практиканти кои ќе обавуваат практикантска работа во склоп на летната програма на Крик.

Програмата и активностите на кои практикантите ќе учествуваат се планира заедно со селектираните практиканти.

Главни активности и ангажман: 

-Дел од сите активности кои Крик ги организира во летниот период: работилници, обуки, младински кампови и слично.

-Поддршка на извршната канцеларија на Крик во административното работење

-Директна работа со целна група (млади лица со попреченост и без)

-Логистичка поддршка на активностите.

Време на обавување на практиканството: во тек на работната недела, во период од 8/9 до 16/17 часот. Работните часови на праксата се одредуваат заедно со практикантите.

По потреба, дел од активностите се одвиваат и во други градови во Македонија, понекогаш и во текот на викендите.

Патување во Македонија (Охрид и Дојран) е дел од активностите за летната програма.

Практикантите ќе имаат можност и за летен одмор од 2 недели.

Услови и обврски на практикантите

Сите заинтересирани кандидати за учество во практикантската програма потребно е да:

  • Бидат на возраст од 16 до 29 години
  • Да не се во работен однос
  • Да имаат завршено најмалку основно образование
  • Да можат да извршуваат практикантска работа во времетраење од три месеци (јуни, јули и август)

Избраните кандидати ќе ги имаат следниве услови за извршување на практикантската работа:

  • Назначено ментор лице кое ќе ги следи во текот на целата пракса
  • Назначено одговорно лице од ЦМА КРИК кај кое ќе може да се обратат во текот на целата пракса
  • Месечен волонтерски надоместок од 6 000 мкд бруто сума
  • Можности за учество и вмрежување на настани
  • Можност за вработување по завршување на практиканството
  • Стекнување на нови вештини, знаења и компетенции.

Обврските кои ќе ги имаат практикантите се следните:

  • Уредно, совесно и навремено извршување на доверените задачи;
  • Учество во секојдневната работа на Крик
  • Чување на класифицирани и доверливи податоци стекнати за време на практиканството
  • Почитување на интерните протоколи и прирачници за работа на Крик

Започнување на практикантсвото: 1ви јуни 2022 до 31ви август 2022. 

Дати за патувања однапред планирани се: Охрид 8ми-12ти јуни и Дојран и 1ви-3ти јули 2022.

Можни се и дополнителни патувања кои ќе се одредат во текот на практикантството.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со пополнување на оваа форма ТУКА

Повикот е отворен до 25.05.2022.

Сподели на