Пријава за хакатони „Панда лабс Џуниор за праведна транзиција“, 19-21 јуни –  Струга

Во рамки на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, ве покануваме на учество на хакатони, односно натпревари на млади од 19 до 21 јуни во хотел Дрим, во Струга. Хакатоните се дел од активностите на проектот „Панда лабс џуниор за праведна транзиција“, кој го спроведува Џуниор Ачивмент Македонија, WWF Бугарија, WWF Адриа-Србија, Џуниор Ачивмент Бугарија и Еко тим од Црна Гора, финансиран од Иницијативата на ЕУ за климатски промени (EUKI).

Главната цел е да се придонесе кон праведна транзиција и навремен развој на знаење и претприемнички капацитет кај младите луѓе во регионите со јаглен во четирите земји. Проектот промовира обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, циркуларна економија, решенија за ублажување и адаптација на климатските промени, зелено претприемништво и иновации.

Двата хакатони ќе се реализираат истовремено на различна тема. Настанот содржи неколку дела:

  • работа во тимови,
  • презентација на идеите пред жири комисија и
  • доделување награди за најдобрите.

Победниците ќе имаат можност да учествуваат на регионална конференција во Софија (октомври 2022), на која ќе учествуваат и млади од Бугарија, Црна Гора и Србија.

Доколку оваа можност ви изгледа интересно, пополнете го формуларот за пријава за учество на следниот линк – https://forms.gle/UrVsnbpptU1W1n7D6, најдоцна до 9 јуни до 10.00 часот.

Предност за учество ќе имаат оние студенти кои биле дел од серијата вебинари организирани во рамки на проектот и оние кои ќе се пријават први.

Пријавата е на принцип прв пријавен, прв услужен. Побрзајте!

Сподели на