Пријавете се за натпреварот за млади новинари во рамките на проектот „Media for All“

Доколку имате да споделите идеја што ќе им го привлече вниманието на младите ширум Западен Балкан, пријавете се за натпреварот за млади новинари во рамките на проектот „Media for All“! Имате можност да ја реализирате Вашата идеја на професионален начин. Работете заедно со стручен/на ментор/ка и претставете ја Вашата статија пред стручна комисија за да освоите награда.

За учество на натпреварот за млади новинари во рамките на проектот „Media for All“ може да се пријават новинари на возраст од 21-30 години кои се жители на земја од Западен Балкан.

Во потрага сме по фасцинантна сторија којашто ќе допре до младите. Сторијата може да биде на која било тема, иако имаме предложени теми: невработеноста кај младите, екологија, влијанието на пандемијата и родова еднаквост.

Сторијата може да се изготви во кој било формат, како на пример, аудио, видео, мултимедија, блог или влог.

Избраните новинари ќе работат во тимови, ќе добијат стипендија во износ од 500 британски фунти и ќе бидат менторирани од експерт од областа на медиумите за време на осумнеделната програма за менторство.

Петте најдобри тимови ќе учествуваат на настан за вмрежување во ноември. Тие ќе имаат можност да ги претстават нивните стории пред жири од етаблирани новинари. Најдобрите три тимови ќе бидат наградени со продукциска опрема.

Рок за пријавување
Рокот за пријавување е до 3 септември, 17:00 часот. Овде се достапни повеќе информации за натпреварот и насоки како да се пријавите за учество на натпреварот.

Информации за проектот „Media for All“
Проектот „Media for All“ се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Целта на проектот е да се зајакне уредничката независност на медиумите во Западен Балкан и да се поддржат локалните независни медиуми да постигнат поголема финансиска одржливост.

Сподели на