Разговор за приватност #9 – Како да комуницираме безбедно преку интернет? 

Фондација Метаморфозис ги поканува претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дискутираат и да дознаат нешто повеќе за тоа „Како да комуницираме безбедно преку интернет“ на деветиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи во петок, на 1-ви јули, со почеток во 15 часот, во хотелот Александар Сквер (Хотелот се наоѓа на ул. Никола Вапцаров, бр.13А, во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

Учесниците на средбата ќе имаат можност да добијат совети за тоа што може да направат за да бидат сигурни дека нивните разговори преку најчесто користените апликации за комуникација (Viber, Mail, Messenger, Instagram и т.н.) се заштитени од неовластен пристап, како и да придонесат кон дискусијата преку споделување на своите искуства, ставови и дилеми поврзани со темата.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк, а сите што сакаат да присуствуваат, ги замолуваме да го пополнат овој формулар.

За учесниците кои доаѓаат од друг град, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до СкопјеЗа да го направиме ова, ќе биде потребно да ни доставите оригинални сметки и билети од патувањето.

Сподели на