СВЕТСКИ ДЕН НА ВЕШТИНИ НА МЛАДИТЕ

Денеска е Светски ден на вештини на младите!

Минатата година
MladiHub преку различни обуки активно ги поддржуваше младите во унапредување на нивните дигитални вештини. Сега е време да се премине во следната фаза – практична примена и надградба на стекнатите вештини.
За таа цел „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите” ќе обезбеди:
👉Нови можности за поврзување со работодавачи од граѓански, приватен и јавен сектор
👉Поддршка за вклучување на пазарот на труд
👉Учење од професионалци и запознавање со добри практики
👉Поддршка за создавање свој бизнис

MladiHub неуморно ќе продолжи да вложува во младите и во напредокот и развојот на нивните вештини.

***

„МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за
младите” е проект кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Младинската група. Проектот е финансиран од Британската амбасада во Скопје и поддржан од Претседателот на Република Северна Македонија, а неговата цел е да придонесе кон професионален развој и економска независност на младите преку одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на труд. 

Сподели на