Стани истражувачки новинар!

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) организира едногодишна обука за истражувачко новинарство наменета за млади новинари и за студенти кои имаат желба да го изберат новинарството за своја идна професија.

Можност да бидат дел од оваа програма ќе добијат десет кандидати. Тие ќе минат низ серија обуки и со помош на ментори од БИРН ќе ги изработат своите први истражувачки стории, за што ќе добијат финансиска поддршка.

Во рамките на едногодишната обука, која ќе трае од септември 2023 до август 2024, планирано е учество на четири дводневни обуки, а целиот процес ќе биде заокружен со мини-летна школа за истражувачко новинарство.

За учество на едногодишната обука е потребно да се пополни формуларот достапен тука.

Краен рок за пријавување е 15.08.2023. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат поканети на интервју.

За сите дополнителни прашања можете да се обратите на [email protected], а повеќе информации и детали за обуката можете да пронајдете тука.

Сподели на