Фокус група за студентска перцепција за дискриминација

Доколку се чувствуваш дискриминиран/а на твојот факултет односно универзитет, сметаш дека тебе или некој од твоите пријатели ве третираат различно поради вашата сексуална определба, пол, етничка припадност, националност или религија и би сакал/а да ги споделиш проблемите кои ги гледаш во академската заедница, можеш да ни помогнеш во активностите против дискриминација во високото образование.

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на истражувањето за студентска перцепција за дискриминација на државните универзитети отвора повик за учесници во фокус група.

Целта на фокус групата е собирање на подлабоки и суштински информации за тоа дали и со какви облици на дискриминација се соочуваат студентите во рамки на високообразовните установи, последиците од таа дискриминација, како и механизмите за нејзино спречување.

Фокус групата ќе се одржи помеѓу 24 и 30 јуни, во зависност од преференците на пријавените учесници. Дискусијата во рамки на фокус групата ќе трае најмногу 90 минути, а истата ќе се одржи онлајн на веб-платформата ZOOM.

Бројот на учесници во фокус групата е ограничен. Учеството е анонимно, како и содржината на изнесените ставови во разговорот.
За да се одговори на целта и методологијата на истражувањето, лицата кои ќе бидат вклучени во оваа фокус група потребно е да се студенти на универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климен Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип или Универзитетот во Тетово.

За повеќе информации слободно контактирајте нѐ на електронската адреса [email protected]

Активноста е дел од проектот „Студентска перцепција за дискриминација“. Проектот е финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на грантистот, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Пријавете се ТУКА.

Сподели на