„Ко(инцидент)ции“ – стрип за млади

LEAD MK стипендистот Стефан Момиќ го посвети својот проект кон едукација на младите за различни ресурски и методи кои можат да ги користат за да адресираат различни прашања кои се од нивен интерес. Со поддршка на млади активисти кои имаат искуство во спроведување на иницијативи, тој изработи стрип за младински активизам со наслов „Ко(инцидент)ции“.

Стрипот „Ко(инцидент)ции“ е дел од “Starting Point“ спроведуван од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD MK стипендистот Стефан Момиќ, финансиски поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целиот стрип е достапен на следниот линк

Иницијативата „Преосмисли ја иднината“

Претседателот Пендаровски и Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) најавија нова заедничка иницијатива „Преосмисли ја иднината“ со која на децата и на младите ќе им се даде простор да се вклучат во дефинирањето на визијата за иднината што ја сакаат за себе и за идните генерации.

Во наредните три месеци, младите ќе имаат шанса за учество во консултации каде ќе дискутираат за прашања што им се важни, за своите најголеми предизвици и очекувања за иднината на земјата, а ќе добијат и простор да предложат решенија со кои визијата ќе се претвори во реалност.

„Денешната генерација на млади се соочува со голем број предизвици. Но, истовремено тие се најинформираната и најдигитализираната генерација  во нашата историја која има уникатна прилика да направи нешто за својата иднина. Наша должност е да ги слушнеме нивните ставови, затоа што нивните идеи се важни. Да им помогнеме да бидат дел од процесите на креирање политики и носење на одлуки кои влијаат на нивната и иднината на сите нас,“ истакна претседателот Стево Пендаровски.

Во земјата има близу 190.000 адолесценти на возраст од 12 до 19 години, а сепак малкумина од нив имаат можност да учествуваат во одлуките што го засегаат нивниот живот, нивната егзистенција и нивните заедници. Квалитетното образование, менталното здравје, насилството на интернет, климатската акција, миграцијата и вработувањето се меѓу главните приоритети на младите пред и за време на пандемијата со КОВИД-19. Оваа нова иницијатива се фокусира на подобра и поправедна иднина за секое дете и секој младинец во земјата во периодот по КОВИД-19.

„Она што го правиме за децата и младите, заедно со нив и во нивно име денес, ќе го одреди нивното утре. Ваквата заедничка иницијатива доаѓа во клучен момент и претставува ретка можност да се преосмисли иднината заедно со децата и младите. Преку иницијативата, младите ќе се оспособат да станат двигатели на промени за низа прашања, а нам ќе ни се овозможи да го искористиме огромниот потенцијал за иновација и трансформација што тие го нудат кога се поддржани со вистинските платформи и вештини, и кога имаат самодоверба да бидат лидери во својата земја,“ изјави Патриција Ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Младите се поканети да учествуваат во првата онлајн-анкета чија цел е да се утврдат предизвиците со кои се соочуваат, но и да се откријат нивните идеи и визии за иднината. Наодите од истражувањето ќе послужат како поткрепа за темите на работилниците во наредните месеци, а младите ќе бидат поканети да се приклучат преку отворен повик.

За повеќе информации, контактирајте со:

Кабинет на претседателот:

Катерина Цаневска,+389 76 455 546, Katerina.canevska@presidentoffice.mk

УНИЦЕФ

Сузи Папас, тел: +389 72 2236725, spappas@unicef.org

Ирина Ивановска, тел: +389 72 236 722, iivanovska@unicef.org

 

Истражување за Интеркултурни медијатори

Центар за интеркултурен дијалог(ЦИД) како партнер на проектот “InterMEDs- Fostering ‘Intercultural MEDiators’  as a practice for establishing communities coalition and mutual understanding” финансирана од Ерасмус+ програмата, спроведува истражување – Интеркултурни медијатори.  


Главната цел на овој прашалник е да се испита моменталното ниво на разбирање на меѓукултурната медијација преку културата, медиумите и уметноста во 6 европски земји. Овој прашалник е адресиран на лица кои работат / претставуваат (или работеле / претставувале) институции, невладини организации, здруженија на граѓанско општество, здруженија на имигранти / бегалци.

 Се проценува дека завршувањето на истражувањето ќе трае околу 10 минути и вашиот придонес е многу ценет.

*Поради потребите на проектот, прашалникот е на англиски јазик.*

Истиот најдете го на следниов линк