CALL FOR PARTICIPANTS
If you are a student on International Relations, communication, or other social sciences
If you are a community leader
If you are an peace activist
If you are working on the topics of reconciliation, conflict transformation or civic engagement
Use this unique opportunity to develop your mediation skills and Be part of the first generation of CID’s Insider Mediators.
Equip yourself with set of skills on how to prevent, manage and resolve conflicts at your local community.
Академијата за човекови права
Академијата на Институтот за човекови права
претставува онлајн платформа за Е-учење во доменот на човековите права на македонски јазик која претставува ефикасен и едноставен начин за стекнување теоретски знаења од областа на човековите права.
Академијата за човекови права е наменета за сите оние кои сакаат да ги прошират своите знаења од областа на човековите права. За регистрација на Академијата потребно е само да ги внесете своето име, презиме и меил адреса. Сите курсеви се бесплатни и се достапни на македонски јазик, а дел од курсевите се достапни и на албански јазик.
Во моментов на Академијата на Институтот за човекови права веќе се регистрирани над 390 корисници и се издадени над 370 сертификати.
Биди промената што сакаш да ја видиш и регистрирај се денес за да се стекнеш со нови знаења!
РЕГИСТРИРАЈ СЕ ТУКА!
GIZ вработува – Logistic Assistant/Receptionist
Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH,
GIZ Office Skopje, offers the following vacancies:
Logistic Assistant/Receptionist
GIZ Office Skopje, offers the following vacancies:
Logistic Assistant/Receptionist
Duration: March 2021 – December 2021 (with possibility for prolongation)
The key responsibilities of the incumbent are:
- liaising with customers in a service-oriented manner on behalf of the office by providing a professional service, personally welcoming visitors and maintaining a high standard in the reception area
- dealing with all incoming and outgoing communication
- performing reception/ secretarial and logistic services on a daily basis
- travel Management (flights and Car Pool/Taxi)
- facility Management
- other duties as assigned within the wider frame of the job
Candidate qualifications, skills and preparedness:
Qualifications
- secondary school education
- certificate/diploma or similar qualification from a recognised clerical college
Professional experience
- at least 1-3 years’ professional experience in a comparable position
Other knowledge, additional competences:
- good working knowledge of ITC technologies (related software, phone, fax, email, the internet) and computer applications (e.g. MS Office)
- fluency in English, ideally a knowledge of German
- politeness and helpfulness in dealing with visitors
- willingness to upskill as required by the tasks to be performed – corresponding measures are agreed with management
How to apply: Applications should be submitted by e-mail to [email protected] with a letter of interest and a detailed CV in English using the ‘European Curriculum Vitae Format’.
REF: Logistic Assistant/Receptionist
Deadline for application: 03.03.2021
Презентација на наоди – Една година студентски претставници : Анализа на работата на УСС/ФССС
Младински образовен форум (МОФ) со задоволство Ве поканува на презентацијата на наодите од истражувањето „Една година студентски претставници : Анализа на работата на студентските собранија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Предмет на истражувањето е работата на студентските собранија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, односно анализа на работата на факултетските студентски собранија и универзитетското студентско собрание.
На настанот ќе се презентираат наодите од истражувањето, а по презентацијата ќе следува панел-дискусија на која ќе се даде осврт на студентското организирање во изминатата година, квалитетот на нивната работа, перцепцијата на студентите во врска со истата но и перцепцијата на самите студентски претставници а во врска со нивната работа и проблемите со кои се соочуваа.
На настанот учество ќе земат:
Матеј Тројачанец, истражувач и автор на истражувањето
Борјан Ефтимов, Претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Теа Мицевска, Студентска правобранителка при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Петар Барлаковски, Програмски координатор во МОФ.
Матеј Тројачанец, истражувач и автор на истражувањето
Борјан Ефтимов, Претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Теа Мицевска, Студентска правобранителка при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Петар Барлаковски, Програмски координатор во МОФ.
Панел дискусијата ќе биде модерирана од Даниел Евросимовски, новинар во РадиоМОФ.
Презентацијата и дискусијата може да ја следите во живо на Facebook или со приклучување на ZOOM на следниов линк https://us02web.zoom.us/j/85844277161
Со почит,
Тимот на МОФ
Тимот на МОФ
ЈАВЕН ПОВИК за избор на најдобра бизнис идеја и поддршка за започнување на бизнис
Центар за климатски промени објавува јавен повик за учество на млади лица во натпревар за најдобра бизнис идеја и поддршка за отпочнување бизнис. Најдобрите три апликации ќе бидат наградени и ќе добијат поддршка за започнување сопствен бизнис.
Повикот се отвара во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)“, финансиран од ЕУ преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција- Македонија 2014-2020. Повеќе информации за проектот на следниот линк.
1. Услови за учество
- Право на учество имаат млади лица на возраст од 18 до 35 години,
- Секој учесник на натпреварот има право да аплицира само со една апликација/бизнис идеја,
- Најдобрите три апликации ќе имаат обврска во рок од еден месец да основаат ново претпријатие,
- Новооснованото претпријатие потребно е да биде регистрирано на територијата на еден од следниот региони: Југоисточен, Пелагониски, Вардарски или Југозападен регион,
- Освен индивидуалци на повикот може да се пријават и претпријатија кои се регистрирани во 2019 и 2020 година а кои имаат потреба од поддршка во развивање и водење на бизнисот,
- Да ја презентираат бизнис идејата на завршениот настан организиран во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис поврзани со море, животна средина и земјоделство и ИТ – (IBiSEAit)
2. Награда за селектираните идеи
Најдобрите три бизнис идеи ќе добијат:
- Помош за регистрација на претпријатие (платени трошоци за регистрација и подготовка на потребна документација)
- Изработка на веб сајт во WordPress со платен хостинг и домеин за 1 година
- Платена ZOOM лиценца и cloud storage за една година
- Платени сметководствени услуги за една година
- Изработка на маркетинг план и промоција на социјални медиуми за три месеци
- 1 компјутер и 1 принтер
- Менторска поддршка за развивање бизнис план, развој и управување на претпријатието во период од 3 месеци
- 1 година бесплатно членство во виртуелниот инкубатор
Сите 3 ново основани претпријатија ќе бидат дел од виртуелниот инкубатор во чии рамки ќе биде реализирана менторската поддршка од страна на менторите ангажирани преку ПСМ Фондација.
3. Критериуми за оценување
- Бизнис идеја Концизен преглед на бизнис идејата, јасно идентификуван проблем и добро објаснет производ/услуга
- Пазар
Целната група на бизнисот е јасно објаснета, идентификувани се најмалку три конкуренти и конкурентската предност дава доволно уверливост.
- Маркетинг
Солиден преглед на маркетинг стратегијата. Детални информации за начинот на дистрибуција, промоција, цена и продажба.
- Организација
Правна форма, човечки ресурси, потребна инфраструктура и опрема соодветно адресирани. Реалистичен план на поставени цели.
- Финансиски план
Приходите и расходите се соодветно испланирани, опфатени се повеќе категории. Компанијата има реални изгледи да остварува профит.
4. Начин на пријавување
Сите заинтересирани млади лица кои ги исполнуваат критериумите потребно е да испратат пополнета апликација за бизнис идеја на [email protected] најдоцна до 10.03.2021 година.
Обуки за финансиска писменост
Со особена чест и задоволство Global Shapers Hub Skopje најавува ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПИСМЕНОСТ во рамки на проектот за финансиска писменост на млади!
Дали сакате повеќе да дознаете за личниот буџет, финансискиот систем, банките, инвестирањето, финансиската стабилност и многу друго?
Дали сте млада личност која сака повеќе да дознае за светот на финансиите?
Пријавете се! Едукативните обуки се бесплатни и ќе се одржат онлајн преку дигитална платформа секоја среда во март (3 март, 10 март, 17 март, 24 март и 31 март) со почеток во 19 часот.
По успешно завршување на обуките следува и сертификат за учество на обуката.
Обучувачите се членови на Глобал Шејперс Скопје Хаб и обучени тренери за „Финансиска едукација“ од страна на Народната Банка (НБРСМ).
Пријавете се со едноставно пополнување на формуларот на следниот линк: https://forms.gle/QYMTB3h4H33C3s2w6
Рок за пријавување: 2 март 2021 година
Ве очекуваме! #ФинансискаПисменост