Презентација на наоди – Една година студентски претставници : Анализа на работата на УСС/ФССС

Младински образовен форум (МОФ) со задоволство Ве поканува на презентацијата на наодите од истражувањето „Една година студентски претставници : Анализа на работата на студентските собранија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Предмет на истражувањето е работата на студентските собранија при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, односно анализа на работата на факултетските студентски собранија и универзитетското студентско собрание.
На настанот ќе се презентираат наодите од истражувањето, а по презентацијата ќе следува панел-дискусија на која ќе се даде осврт на студентското организирање во изминатата година, квалитетот на нивната работа, перцепцијата на студентите во врска со истата но и перцепцијата на самите студентски претставници а во врска со нивната работа и проблемите со кои се соочуваа.
На настанот учество ќе земат:
Матеј Тројачанец, истражувач и автор на истражувањето
Борјан Ефтимов, Претседател на Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Теа Мицевска, Студентска правобранителка при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.
Петар Барлаковски, Програмски координатор во МОФ.
 
Панел дискусијата ќе биде модерирана од Даниел Евросимовски, новинар во РадиоМОФ.
Презентацијата и дискусијата може да ја следите во живо на Facebook или со приклучување на ZOOM на следниов линк https://us02web.zoom.us/j/85844277161
Со почит,
Тимот на МОФ

Сподели на