Постојат многу начини да му помогнете на вашето дете да го надмине стравот, но избегнувањето не е дел од нив
Да ги победиме детските стравови заеднички!
Закажете психолошко советување на 075333819
Постојат многу начини да му помогнете на вашето дете да го надмине стравот, но избегнувањето не е дел од нив
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамките на проектот „Вработена Ромка = Независна жена“, поддржан од страна на шведската фондација Квина тил Квина, објавува повик за избор на обучувач/-ка за испорака на дводневна Обука за мониторинг на буџети и родово одговорно буџетирање.
1.Вовед
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување во рамките на проектот „Вработена Ромка = Независна жена“, поддржан од страна на шведската фондација Квина тил Квина има за цел да ги зајакне капацитетите на членките на Групата за застапување за вработување Ромки за да спроведуваат акции за мониторинг на буџети на локални и национални стратегиски документи. Во следната фаза од проектот, Групата ќе застапува пред локалните и националните власти со цел интегрирање на потребите на Ромките во стратешките програми и буџети. Следствено на тоа, Групата за застапување ќе прави мониторинг на имплементацијата на буџетите.
2. Опис на работни задачи и испорачани услуги
Обучувачот/-чката треба да подготви и испорача дводневна обука „Застапување за родово одговорно буџетирање и мониторинг на буџети“ наменета за 8 Ромки активистки – членки на Групата за застапување. Обуката треба да ги опфати следниве теми:
Обучувачот/-чката ќе треба да развие методологија за спроведување на обуката која ќе понуди комбинација од теорија и вежби за практична примена на теоријата, во заедничка координација со проктниот тим.
2.1.Задачи на обучувачот/-чката
3. Информации за ангажманот
Периодот планиран за спроведување на обуката е од 5 до 15 април 2021 година. Местото на одржување на обуката ќе биде дополнително определено. Целокупниот ангажман за испорака на обуката е 5 дена. Тоа вклучува подготовка (програма, работни материјали, презентации), испорака на обуката и подготовка на извештај.
4. Потребни квалификации
Обучувачот/-чката треба да ги поседува следниве квалификации и вештини:
5. Потребни документи
6. Начин на аплицирање
ХЕРА, во согласност со одредбите од договорот на проектот, ќе спроведе повик со прибирање на најмалку 3 (три) понуди. Критериум за избор, покрај цената, е искуството во спроведувањето на обуки на предвидените теми.
Сите апликанти ќе бидат известени за резултатите од селекцијата за ангажирање на обучувач за испорака на обука, по електронски пат, во рок од 5 дена по затворањето на повикот.
Документите со назнака/предмет на пораката Понуда за ангажирање на обучувач за испорака на обука можете да ги доставите на следниов начин:
По електронска пошта: [email protected]
По пошта: ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ул. „Франклин Рузвелт“ 51а/26, Скопје, со назнака Понуда за ангажирање на обучувач за испорака на обука.
Понудите треба да се достават до 26.03.2021 година.
Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
© Сите права се задржани - Национален младински совет на Македонија