Добредојдовте во галеријата на непобарани уметности
Сакам да ви претставам еден концепт каде што жртвите на родово-базирано насилство, како и сексуално насилство и вознемирување ќе можат да ги споделат своите приказни. Ќе ги опфаќа личните доживувања на жртвите како и одредени предмети што ги потсетуваат на насилството (може да биде било што, облека, аксесоар, џебен солзавец – pepper spray, песна итн. ) Доколку немате предмет за донирање, исто така е во ред само и вашата приказна.
Истите ќе бидат изложени во галерија за изложба наречена “The Museum I didn’t ask for”, кој и самите ќе можете да го посетите. Целта е да се подигне свесност и емпатија за овој проблем кој е присутен во голема мера во нашето општество.
Споделувањето може да биде тешко, но исто така ослободува. Ослободува да знаете дека не сте сами и секогаш ќе имате поддршка. Може да го направите тоа на следниов линк, со име или анонимно, изборот е ваш. Повикот трае до 30.04.2021. -> https://forms.gle/ oZU6WBPxHRB4ef1V6
Предметите може да ги доставите на Вељко Влаховиќ бр. 7/1-1, Скопје во канцелариите на Национален младински совет на Македонија секој работен ден лично, по пошта или да замолите некој да ги однесе наместо вас.
Рокот за пријавување и доставување е до 30.04.2021.
Ќе ве замолам само јасно да наведете дека се за проектот “Radical Idea: EquALLity”.
Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.