Специјалисти за општински буџети

Консалтинг за стратешки развој е компанија воспоставена во 2007 година во Македонија која испорачува широка лепеза услуги со цел исполнување на нашата мисија – да се создадат услови за успешен демократски напредок на луѓето и заедниците.

Консалтингот работи во 3 главни области: добро управување и децентрализација, родова еднаквост и локален економски развој преку дизајнирање и спроведување проекти, оценка на програми и проекти и истражување и анализи.

Специјалистот за општински буџети ќе биде задолжен/-а за:

  • 1. спроведување на програмските активности во рамките на тековните проекти кои ги реализира Консалтингот;
  • 2. учество во процесот на анализа на проценката на потребите на општините вклучени во проектите на Консалтингот;
  • 3. градење на организациските капацитетите на општините во планирање и извршување на општинскиот буџет и обезбедување на транспарентност на истиот;
  •  4. обезбедување на спроведувањето на законите за фискалната транспарентност на општините;
  • 5.  подобрување на внатрешните процедури и ревизорски практики на општините;
  •  6. воспоставување и одржување односи со партнерските општини, идентификување иновативни пристапи за пренос на знаење и искуства на јавната администрација и менторство;
  • 7.  изготвување потребни проектни документи (извештаи, дописи, описи на работни задачи и сл.),
  • 8. одржување контакти со проектни партнери, теренски посети за следење на активностите на општините и проектните активности.
  •  осмислување и реализација на обуки и активности за техничка помош на организации и институции (проценка на потреби, планови за градење капацитети, менторирање);
  • 9. учество во изготвување на истражувања, анализи, прирачници, евалуации;
  • 10. организирање и фасилитирање на настани и средби (обуки, средби за вмрежување, состаноци, посети на консултанти и сл.);
  • 11. координирање на работата со сите вклучени страни во проектите.

Потребни квалификации:

• завршено високо образование (економија, право и сл.);

• најмалку 5 години работно искуство со следење општински буџети,

• искуство во спроведување проекти во областа на развојот на заедниците/ граѓанското учество/јакнење на капацитетите на општините;

• познавање на процесот на децентрализација;

• одлична компјутерска писменост;

• одлично познавање на англискиот јазик (писмено и усно);

• поседување комуникациски, организациски и вештини за градење тим

• флексибилност и способност за работа под притисок и со кратки рокови;

• важечка возачка дозвола.

Заинтересираните за ова работно место се молат да испратат биографија и писмо за изразување интерес на англиски јазик по електронска пошта на следнава адреса:

e-mail: [email protected]

најдоцна до 20 април 2021.

Сподели на