ЗДРАВО МЛАДИ
ОХО Продукција објавува кастинг за главни и споредни улоги во краткиот игран филм со работен наслов „Еден тон патлиџани” во режија на Сандра Ѓоргиева.
Во потрага сме по момци и девојки на возраст помеѓу 16 и 19 години од Скопје и околината на Скопје. Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на кастингот ИСКЛУЧИВО на:[email protected]
најдоцна до 25.05.2021 (вторник).
За пријавување потребно е да ни испратите:Име, презиме и возраст
Фотографија од цела фигура (без филтри и очила за сонце)
Кратко видео со претставување (до 1 минута)
Согласност од родител (за лица под 18 години)
За сите дополнителни прашања и информации обратете се на горенаведениот мејл. За полесна навигација низ процесот, ве молиме внимателно следете ги добиените инструкции. Ви благодариме
Мрежата на Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА објавува:
ОГЛАС
ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ
ИЦЕДА со задоволство ве информира за претстојниот Повик за апликации што би обезбедил поддршка на ГО за промовирање на Дигиталната агенда преку првиот циклус на грантовата шема за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центрите за поддршка на е-Влада, доделување 15 мали грантови на ГО од Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија (целта е приближно 3 грантови по земја), во опсег од 13.000 до 17.000 евра по грант. Времетраењето на спроведувањето на одделните грантови е 18 месеци.
ИЦЕДА ќе им обезбеди поддршка на ГО за спроведување иницијативи во нивните матични земји, со доделување на мали грантови кои ќе придонесат за постигнување на следниве општи цели:
Подобност на кандидати
Кандидатите и ко-кандидатите треба да:
Една организација може да аплицира само со една проектна апликација како водечки кандидат и може да учествува во само една дополнителна апликација за проект како ко-апликант/партнер. Една организација може да учествува во два проекти. Исто така, една организација може да учествува во најмногу два проекти како партнер. Понатаму, приоритет ќе се даде на проектите што ќе имаат договор за директно партнерство со локалните или централните институции.
Целосниот повик за апликации ќе биде објавен во третата недела од август 2020 година.
Следете ги Фејсбук и Твитер профилите со @ICEDAproject за повеќе информации за проектот.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис, Отворени податоци Косово (ODK), Академија за е-владеење (eGA), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – CRTA, Lëvizja MJAFT, НВО 35 MM.
ТЕКСТ