Повик за кастинг

ЗДРАВО ✨ МЛАДИ ✨
ОХО Продукција објавува кастинг за главни и споредни улоги во краткиот игран филм со работен наслов „Еден тон патлиџани” во режија на Сандра Ѓоргиева.

Во потрага сме по момци и девојки на возраст помеѓу 16 и 19 години од Скопје и околината на Скопје. Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на кастингот ИСКЛУЧИВО на:

📩[email protected]
најдоцна до 25.05.2021 (вторник).

За пријавување потребно е да ни испратите:
🔘Име, презиме и возраст
🔘Фотографија од цела фигура (без филтри и очила за сонце)
🔘Кратко видео со претставување (до 1 минута)
🔘Согласност од родител (за лица под 18 години)

🔘За сите дополнителни прашања и информации обратете се на горенаведениот мејл. За полесна навигација низ процесот, ве молиме внимателно следете ги добиените инструкции. Ви благодариме

Сподели на