Прашалник за граѓански организации

Во рамките на повикот за предлози од “DG EuropeAid” на Европската комисија, Волонтерски Центар Скопје заедно со ADICE (Франција) и македонските партнери, сакаат да подготват проект за зајакнување на капацитетот на граѓанските организации (ГО).
За да го сториме тоа, сакаме да развиеме одржлив волонтерски систем. Ова ќе се заснова на создавање на Македонска граѓанска служба што ќе биде поддржана од циклус на обуки за граѓанските организации со цел да им се дозволи да бидат акредитирани и да бидат домаќини на волонтери во рамките на иновативни програми.

Овој прашалникот нема да одземе повеќе од пет минути од вашето време, а ќе им овозможи на ВЦС и на партнерите да предложат проект што најдобро одговара на вашите потреби и на младината во Македонија.

Прашалникот е достапен тука.

 

#ПреосмислиИднина: Отворен повик за учество во младински консултации

Во февруари 2021 година, претседателот Пендаровски и УНИЦЕФ започнаа нова иницијатива „Преосмисли ја иднината“ со цел на децата и младите да им се даде простор да се вклучат во дефинирање на визијата што ја сакаат за својата иднина и за идните генерации.

Во првата фаза од младинските консултации, младите на возраст од 12 до 19 години беа поканети да учествуваат во онлајн-анкета и да ги споделат своите гледишта за промените што би сакале да ги видат, за она што ги мотивира и за она што најмногу ги загрижува. Анкетата претставуваше и можност да испратат порака до носителите на одлуки и да ја споделат својата визија за земјата 10 години отсега. Учествуваа вкупно 527 млади.

„Младите треба да имаат пристап до поквалитетно образование и можности за вработување врз основа на знаење и компетентност.“ –  Женско, 16 години

Резултатите од анкетата, односно темите кои преовладуваат и претставуваат најголем предизвик за младите денес, ги дефинираат следните фази од иницијативата и темите кои ќе се обработуваат на тематските работилници. Целта е работилниците да бидат засновани врз потребите и интересите на младите. Врз основа на добиените одговори, ќе се фокусираме на 3 клучни области: квалитетно образование, квалитет на живот, животна средина и урбанистичко планирање.

„Ја замислувам нашата земја како еко-држава со електрични возила, современи училишта, спортски терени и безгрижни жители.“ – Машко, 13 години

Ги покануваме сите деца и млади на возраст од 12 до 19 години да учествуваат во тематски работилници, заедно да дискутираме околу главните теми посочени во анкетата, промените што би сакале да ги видат и можни решенија. Главните наоди и идеи од работилниците ќе бидат претставени на завршен настан на високо ниво.

Младите заинтересирани да учествуваат на работилниците се поканети да го пополнат формуларот за пријавување на следниот линк, да ја споделат својата мотивација за учество, да се подготват да зборуваат за предизвиците и да ги споделат своите идеи и визии за иднината. Работилниците ќе бидат организирани за две старосни групи со следниот распоред:

(12 – 15 години)

  • Животна средина и урбанистичко планирање: 21 јуни 2021 година
  • Квалитетно образование: 23 јуни 2021 година
  • Квалитет на живот: 25 јуни 2021 година

(16 – 19 години)

  • Животна средина и урбанистичко планирање: 28 јуни 2021 година
  • Квалитетно образование: 30 јуни 2021 година
  • Квалитет на живот: 2 јули 2021 година

Апликацијата е отворена до 16 јуни 2021 година (23:59 ч.).

Младинските консултации ќе се одржат преку интернет, на платформата ЗУМ. За повеќе информации, контактирајте на [email protected].

Избраните пријавени ќе добијат детални информации за агендата до 18 јуни 2021 година.

Придружи ни се! #ПреосмислиЈаИднината 

Јавна расправа: Од ветено, до реализирано!

Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците? Што се беше ветено за младите, а што од тоа се реализираше? Искористи ја можноста да дискутираш за ТВОИТЕ потреби со ТВОЈОТ градоначалник!

Ве покануваме да земете учество на настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ во организација на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кој ќе се одржи на 16.06.2021 со почеток во 11.00 часот, во просториите на Рагуза 360.

Вашето учество на настанот можете да го пријавите на СЛЕДНИОВ ЛИНК.

Настанот ќе биде во форма на јавна дискусијана која учество ќе земат градоначалници од три скопски оптшини, градоначалникот на Град Скопје и експерт за младинска политика. Фокусот на панел дискусијата ќе бидат десетте клучни ветувања за младите од програмите на кандидатите, креирани за локалните избори во 2017 година.

По спроведената дискусија, присутните на настанот ќе имаат можност да постават прашања и да остварат дијалог со панелистите, со цел да се дискутираат клучните приоритети за младите и колку истите биле во фокусот на работата на локалните самоуправи.

Агенда за настанот:
10.50 Регистрација на присутните;
11.10 Официјално отворање на настанот;
11.20 Јавна расправа: Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?
12.30 Отворена дискусија помеѓу публиката и говорниците;
13.00 Коктел и вмрежување.

Настанот „Од ветено до реализирано! Колку локалните младински политики беа во фокусот на градоначалниците?“ е организиран во рамки на проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со назив „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“, спроведуван од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) и Национален младински совет на Македонија (НМСМ).

Повик за учесници за младинска размена во ТУРЦИЈА

Име на проектот: “Youth Against Bullying“.



📌 Краток опис на проектот:

 By solving the problems of migrants, it aims to  
ensure the full integration of the country’s norms and EU 
citizenship, culture. Thus, equal citizens and education, social, 
cultural, economic, artistic, etc. is considered. value added 
production in areas. Migrants and the public will also be able to 
social inclusion of migrants through increased knowledge and 
skills development. Immigrants who will eliminate their 
disadvantages will raise the standard of living and become role 
models for future generations.


📆Дата: 07 – 15 Jули 2021
👫Учесници: 4+1 од 18 – 29 години
📍Локација: Анталија, Турција

🏠Платено сместување, храна, и 100% пат (до лимит). За повеќе инфо и апликација контактирајте нѐ на маил: 
[email protected] со subject: “People are not strange, İf you are not” 

Повик за проектен асистент

За спроведување на активностите и проектите АЛДА Скопје има потреба од проектен асистент.
Потребни квалификации:
Завршено високо образование (предност од областа на општествени науки).
Една година работно искуство (предност од областа на спроведување проекти и граѓански сектор)
Потребни вештини:
– Активно познавање на англиски јазик (Усмено и писмено)
– Одлично познавање на компјутерски вештини
– Одлични комуникациски вештини
– Способност за тимска работа и работа во интеркултурна средина
– Подготвеност за работа на терен
– Солидни логистички способности
– Познавање на алатки за дизајн (Photoshop,Ilustrator, Canva) се смета за додадена вредност
– Францускиот јазик се смета за додадена вреднот
Главни задачи и одговорности:
– Поддршка при административно и финансиското раководење на канцеларијата
– Поддршка при спроведување на проекти
– Поддршка при изработка и креирање на проекти
– Логистичка поддршка при организација на настани, работилници и состаноци
– Поддршка при комуникација, изработка на написи и содржина за социјалните мрежи,
– Изработка на проектна документација, извештаи и планови
– Присуство на настани во земјата и странство
– Превод на документи
Зошто да ја одберете АЛДА Скопје?
– Интересна и динамична работа
– Можност за личен и професионален развој
– Динамична работна средина во канцеларијата во Скопје
– Поддршка од меѓународен тим
– Развој на интеркултурни комуникациски вештини
Како да аплицирате:
Доколку сте заинтересирани , испратете ја вашата кратка биографија со мотивационо писмо до 18 јуни 2021 година на [email protected]. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.