Летен Хајк (Струмина чешма)

Драги наши поддржувачи, извидници, родители и пријатели,
ве известуваме дека #ЗАЕДНО во соработка со Извидничкиот Одред “Еквинокс“ од Штип организираме ЛЕТЕН ХАЈК и СТРЕЛАЊЕ кои ќе се одржат на 03.07.2021 (сабота) со почеток од 08:00 часот.
Место на средба: Средно Медицинско Училиште “Јане Сандански“ – Штип.
Рута на хајкот: училиште – Струмина чешма – училиште.
Предвидено време за хајкот, околу 3+ часа, во зависност од големината на групата. (The more the merrier!)
Котизација од симболични 200 денари со чија донација, Вие ќе учествувате во изградбата и опремувањето на еден нов и поинаков Чудесен парк во Општина Штип.
 
Се’ што треба да понесете се:
-вашите најудобни патики (наша препорака е да бидат повисоки)
-ранче со намирници (вода во помали количини)
-маици за пресоблекување
-чорапи (задолжително повисоки)
-заштитна маска
 
И нормално Вашето пријатно расположение!
Со извиднички поздрав, ЗДРАВО!
Пријава за учество на овој линк.  

Повик за младински лидер/волонтер

⚠ За потребите на проектот KA2 ‘Heritage Youth Perspective’ објавуваме повик за Младински лидер/ волонтер кој што е заинтересиран на темата и сака долгорочно да биде дел од овој проект.
👉Заинтересираниот волонтер ќе има можност да работи на проектот, како и да биде вклучен во сите меѓународни мобилности и настани кои ќе следуваат во наредните година ипол.
Исто така, самиот проект ќе клучува интересни мобилности, креативност и истражување и настани, кои ќе бидат имплементирани во партнерските земји како и Македонија.
👉Повеќе за проектот и целите, можете да прочитате на овој линк.
📩За пријавување и сите дополнителни прашања слободно пишете ни во порака.
Не ја испуштајте оваа можност !!!!

ЛЕТЕН КАМП 2021

😎 ПОДГОТВЕНИ ЗА ЛЕТЕН КАМП 2021! 🌊
🌞Доколку и ти сакаш да бидеш дел од летниот камп, побрзај и пријави се кај својот водач. Местата се ограничени!
🏊Програмата опфаќа различни области, почнувајќи од водени и забавни игри, извиднички вештини, екологија и одржлив развој. Водени по принципот учење преку работа и забава, нѐ очекува едно незаборавно летување во Извиднички Центар Охрид – Scout Center Ohrid !