Летен Хајк (Струмина чешма)

Драги наши поддржувачи, извидници, родители и пријатели,
ве известуваме дека #ЗАЕДНО во соработка со Извидничкиот Одред “Еквинокс“ од Штип организираме ЛЕТЕН ХАЈК и СТРЕЛАЊЕ кои ќе се одржат на 03.07.2021 (сабота) со почеток од 08:00 часот.
Место на средба: Средно Медицинско Училиште “Јане Сандански“ – Штип.
Рута на хајкот: училиште – Струмина чешма – училиште.
Предвидено време за хајкот, околу 3+ часа, во зависност од големината на групата. (The more the merrier!)
Котизација од симболични 200 денари со чија донација, Вие ќе учествувате во изградбата и опремувањето на еден нов и поинаков Чудесен парк во Општина Штип.
 
Се’ што треба да понесете се:
-вашите најудобни патики (наша препорака е да бидат повисоки)
-ранче со намирници (вода во помали количини)
-маици за пресоблекување
-чорапи (задолжително повисоки)
-заштитна маска
 
И нормално Вашето пријатно расположение!
Со извиднички поздрав, ЗДРАВО!
Пријава за учество на овој линк.  

Сподели на