Повикот на Малешевијата

📣 Почујте го повикот на Малешевските Планини! 📣
“Повикот на Малешевијата” e прв оutdoor фестивал во организација на ЗПСТМ ПАТФАЈНДЕРС Берово. Малешевијата и Малешевските Планини ве повикуваат на незаборавно доживување исполнето со авантури кое ќе се случува на 16ти, 17ти и 18ти Јули 2021. Секој љубител на природата, планинските спортови и дружбата е добредојден на фестивалот каде што ќе може вистински да ја искуси планината и сите прекраснотии кои ги нуди. Повелете на незаборавно дружење во прекрасните Малешевски густи шумски предели каде ќе се насладите со преубавите глетки додека го дишете најчистиот воздух презбогатен со кислород. Зближувајќи ги Малешевската традиција со модерната култура, музика и спорт, овој фестивал ќе ви ја збогати душата што ќе ви дојде да се провикнете како Дедо Иљо војводата!
Нудиме богата и колоритна програма, а во продолжение можете да прочитете дел од неа:
🏕️ Кампување – разбудете се додека првите сончеви зраци ви влегуваат во шаторот од исток на најубавата локација кај Детското одмаралиште во непосредна близина на Беровското езеро, место кое изобилува со големо количество на кислород и неодоливи пејсажи. Направете селфи на Golden hour додека топли зраци од запад ви го милуваат лицето на златното зајдисонце пред да седнете околу камперскиот оган опкружени со нови пријатели, кога над вас веќе почнале да сјаат илјадици ѕвезди од Млечниот Пат. 
⛰️ Планинарење – низ прекрасните Малешевски планини, исполнети со густа букова, борова и дабова шума, ендемични видови и карактеристични старовековни дрвја. Седнете под дебелата сенка на исконските дабови и буки стари по половина век додека ја гасите жеддта со најчистата ладна планинска вода. Обележани патеки за секој, и за поспремните и за дебитантите во планинарењето.
🚵 Планински Велосипедизам – за оние адреналинските зависници има велосипедски тури длабоко низ густите шуми по обележани патеки, со добар баланс на искачување и спустови кои ќе ве остават без здив. Мала и голема тура.
🚙 Офроад – адреналинска тура со теренски возила низ калливи предели.
🏋️ Фит Камп – предводен од професионалци во оваа дисциплина со многу изненадувања и предизвици.
🔨 Работилници – за сите возрасти со интересни и едукативни содржини.
🎶 Музика и многу забава – забава со DJ и рок бенд.
📜 Посета на знаменитости (музеј и манастири) низ Берово.
За сите уредно пријавени ќе има изненадувања од организаторите. 😲
Настанот и целата организација ќе се спроведе со почитување на сите протоколи и препораки од влада за заштита од Ковид – 19 и поради тоа се замолуваат сите учесници на фестивалот да ги почитуваат мерките и препораките.
Следете нè тука како и на инстаграм профилот додека откриваме повеќе детали!

Сподели на