Повик за доделување грантови

Реактор – Истражување во акција (Северна Македонија), во партнерство со Albanian Women Empowerment Network (AWEN) од Албанија, Rights for all од Босна и Херцеговина (БиХ), Kosovo Women’s Network (KWN) од Косово, Women’s Rights Centre (WRC) од Црна Гора, како и Kvinna till Kvinna Foundation од Шведска преку нивната канцеларија во Северна Македонија, објавуваат повик за доделување на грантови во рамки на проектот: „Унапредување на родовата еднаквост преку процесот на пристапување во ЕУ“. Овој проект, финансиран од Европската унија, кофинансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој, има за цел да ја унапреди родовата еднаквост во Западен Балкан преку процесот на пристапување во ЕУ.

Целта на овој Повик за доделување грантови е да ги поддржи локалните (Ж)ГО-и во унапредувањето на нивните капацитети во области каде што им е потребен дополнителен развој, преку пристап „учење низ работење“.

Финансиската поддршка за локалните (Ж)ГО преку ова суб-грантирање има за цел: (1) да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за поефективна интеракција со властите, ЕУД/ЕУК и другите граѓански организации во регионот, при што кај овие актери ќе ја развиваат свеста за родовите димензии во процесот на пристапување во ЕУ, како и за нивната важност и влијание; (2) подобрување на отчетноста на владите и ЕУД/ЕУК во имплементацијата на нивните заложби за родова еднаквост и женски права во текот на овие процеси.

Деталите за овој повик, критериумите за учество, видови активности, прифатливост на трошоци, времетраење, како и постапката за пријавување, рокови и временска рамка се достапни на следниот линк: на македонски јазик, на албански јазик, на англиски јазик.

Прашалник за квалитет на живот кај млади

Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF спроведува анкета за утврдување на ставовите и мислењата на младите од нашата држава во неколку области.
Доколку имате од 15-29 години, ве повикуваме да го пополните прашалникот кој можете да го најдете на следниот линк https://bit.ly/35X09wB и да дадете придонес за подобар квалитет на живот за младите на локално ниво.
***
Активноста се спроведува во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“ поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Повикот на Малешевијата

📣 Почујте го повикот на Малешевските Планини! 📣
“Повикот на Малешевијата” e прв оutdoor фестивал во организација на ЗПСТМ ПАТФАЈНДЕРС Берово. Малешевијата и Малешевските Планини ве повикуваат на незаборавно доживување исполнето со авантури кое ќе се случува на 16ти, 17ти и 18ти Јули 2021. Секој љубител на природата, планинските спортови и дружбата е добредојден на фестивалот каде што ќе може вистински да ја искуси планината и сите прекраснотии кои ги нуди. Повелете на незаборавно дружење во прекрасните Малешевски густи шумски предели каде ќе се насладите со преубавите глетки додека го дишете најчистиот воздух презбогатен со кислород. Зближувајќи ги Малешевската традиција со модерната култура, музика и спорт, овој фестивал ќе ви ја збогати душата што ќе ви дојде да се провикнете како Дедо Иљо војводата!
Нудиме богата и колоритна програма, а во продолжение можете да прочитете дел од неа:
🏕️ Кампување – разбудете се додека првите сончеви зраци ви влегуваат во шаторот од исток на најубавата локација кај Детското одмаралиште во непосредна близина на Беровското езеро, место кое изобилува со големо количество на кислород и неодоливи пејсажи. Направете селфи на Golden hour додека топли зраци од запад ви го милуваат лицето на златното зајдисонце пред да седнете околу камперскиот оган опкружени со нови пријатели, кога над вас веќе почнале да сјаат илјадици ѕвезди од Млечниот Пат. 
⛰️ Планинарење – низ прекрасните Малешевски планини, исполнети со густа букова, борова и дабова шума, ендемични видови и карактеристични старовековни дрвја. Седнете под дебелата сенка на исконските дабови и буки стари по половина век додека ја гасите жеддта со најчистата ладна планинска вода. Обележани патеки за секој, и за поспремните и за дебитантите во планинарењето.
🚵 Планински Велосипедизам – за оние адреналинските зависници има велосипедски тури длабоко низ густите шуми по обележани патеки, со добар баланс на искачување и спустови кои ќе ве остават без здив. Мала и голема тура.
🚙 Офроад – адреналинска тура со теренски возила низ калливи предели.
🏋️ Фит Камп – предводен од професионалци во оваа дисциплина со многу изненадувања и предизвици.
🔨 Работилници – за сите возрасти со интересни и едукативни содржини.
🎶 Музика и многу забава – забава со DJ и рок бенд.
📜 Посета на знаменитости (музеј и манастири) низ Берово.
За сите уредно пријавени ќе има изненадувања од организаторите. 😲
Настанот и целата организација ќе се спроведе со почитување на сите протоколи и препораки од влада за заштита од Ковид – 19 и поради тоа се замолуваат сите учесници на фестивалот да ги почитуваат мерките и препораките.
Следете нè тука како и на инстаграм профилот додека откриваме повеќе детали!