Оглас за проектен координатор/ка и правен советник/советничка

Назив на работно место: Проектен координатор/ка и правен советник/советничка

Краен рок за пријавување: најдоцна до 18 јули 2021 година, 23:59 часот (GMT+1)

Електронска адреса за поднесување на апликацијата: [email protected]

Апликациите задолжително гласат на име „Оглас за проектен координатор/ка и правен советник/советничка“ и сите документи се поднесуваат во pdf. формат

 

ОГЛАС ЗА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР/КА И ПРАВЕН СОВЕТНИК/СОВЕТНИЧКА

Хелсиншкиот комитет за човекови права објавува оглас за вработување на проектен координатор/ка и правен советник/советничка.

 

Опис и работни задачи:

  • Ја координира работата во областа поврзана со делата од омраза;
  • Учествува во работата поврзана со тематиката за работничките права;
  • Учествува во работата на групата за следење на реформите во правосудството;
  • Учествува во процесите на давање бесплатна правна помош;
  • Го надгледува текот на водењето на постапките во кои е ангажиран;
  • Ги следи сите фактори кои може да влијаат во исходот на случаите како промена на позитивното законодавство, промена на политиките на определени институции и слично;
  • Ја организира и ја надгледува работата на сите области во кои е вклучен и соработува со останатите лица ангажирани во имплементацијата на проектот;
  • Дава иницијативи и мапира нови донатори за проекти поврзани со владеење на правото и кривичната правда;
  • Ги подготвува дописите и соопштенијата до јавноста и презема активности поврзани со медиуми и социјални мрежи, а во врска со неговите/нејзините активности;
  • Одржува комуникација со донаторите и му стои на располагање за било какви информации во врска со имплементација на проектите;
  • Ги изготвува извештаите до донаторите на проектите;
  • Дава насоки за организирање настани, конференции и прес-конференции;
  • Дава правни совети и мислења;
  • Постапува во случаите за кои се води стратешко застапување;
  • Посебно е задолжен/а за пружањето длабинска експертиза во однос на законодавството и практиката во кривичната сфера;
  • Учествува во застапување и комуницира со институции;
  • Учествува во подготовка на месечни и годишни извештаи, анализи и други публикации.

Услови што се бараат за вршење на работата / потребни квалификации:

  • Дипломиран/а правник/чка со завршено четиригодишно високо образование на правни студии (т.н „стара програма”) или дипломиран правник со стекнати 180 кредити согласно ЕКТС;
  • Најмалку пет години работно искуство во правосудството, водењето проекти во областа на правосудството и/или заштитата на човековите права и слободи;
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Напредни организациски и комуникациски вештини.

Како предност ќе се смета:

  • Искуство во областите владеење на правото, правосудство и кривична правда;
  • Искуство во подготвување апликации до Европскиот суд за човекови права;
  • Познавање на уште еден странски јазик;
  • Познавање на уште еден јазик кој се зборува во државата;
  • Развиено чувство за работа со ранливи и маргинализирани заедници.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) на македонски јазик и мотивациско писмо. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци од две лица од претходни работни места. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: [email protected] најдоцна до -18.07.2021 година до 23:59 часот (GMT+1).

Постапка за избор на кандидат/ка:

Комисијата за избор на кандидат/ка ќе ги разгледа примените апликации. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. Комисијата ќе изработи ранг листа од примените апликации во зависност од степенот на исполнување на квалификациите опишани во овој оглас. Најдоцна до 21.07.2021, најквалификуваните кандидат/ки ќе бидат известени дека ги исполнуваат условите за влез во втората фаза на изборот.

Во зависност од добиените апликации и потребите на канцеларијата, Хелсиншкиот комитет го задржува правото да спроведе тестирање како посебна фаза при изборот, за што благовремено ќе ги извести кандидатите. Тестирањето се спроведува писмено преку документ со три прашања, кој кандидатите го пополнуваат и во рок од 90 минути, одговорените прашања ги праќаат електронски на наведената адреса. За полагањето не е потребно физичко присуство во канцелариите на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Последната фаза е усно интервју. Согласно резултатите од интервјуто ќе биде избран кандидат/ка кому ќе му/и биде понудена работната позиција. За сите фази се составува финална ранг листа врз основа на која, доколку избраниот кандидат ја одбие понудената работна позиција, се одлучува за наредниот најдобар избор се додека не се избере соодветен кандидат/ка. Во секој случај, изборот ќе се изврши најдоцна во рок од 45 дена од истекот на крајниот рок за пријавување (18.07.2021).

Договор за вработување:

Со избраниот кандидат/ка Хелсиншкиот комитет ќе склучи договор за вработување на определено време, со пробен период од 3 месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно и ќе биде рамномерно распределено во пет работни дена (од понеделник до петок). Почетокот на дневното работно време е од 9.00 до 9.30 часот, додека завршетокот е од 17.00 до 17.30 часот во зависност од пристигнувањето на работното место. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи. Месечната нето плата е 45.000,00 денари, а таа може да расте во зависност од ангажманот во организацијата. Работното место е во седиштето на Хелсиншкиот комитет за човекови права на ул. „Наум Наумовски Борче“ бр. 83а во Скопје.

За сите дополнителни информации можете да се обратите на еден од бесплатните телефонски броеви +389 (0)2 3119 073, +389 (0)2 3290 469 и/или +389 (0)72 278 436, а лице за контакт е Сања Барлаковска.

ОБУКА за 3 фасилитатори

Отсекогаш сте сакале да бидете фасилитатор на младински проекти? Сега имате можност!! 🚀🚀
🔎Младински Совет Нова Генерација отвара повик за ОБУКА за 3 фасилитатори за фасилитирање младински размени во наредниот период.
👉Обуката ќе биде спроведена на неколку младински размени (Австрија, Франција…) во период од Септември-Ноември. По завршување на овој период, ќе имате можност за работа на младинските размени.
👉Потребни квалификации:
-Млади луѓе до 26 години
-Претходно искуство во работа со млади, Ерасмус+ проекти и неформално образование
-Одлично познавање на англиски јазик
-Одлични комуникациски вештини
-Флексибилност во работните ангажмани (патување, работа преку викенди и сл)
-Посветеност за време на обуките и можност за следење на истите во целост
👉Начин на аплицирање: Со пополнување на апликацијата на овој ЛИНК https://forms.gle/cKRWdDUru5FaaeS3A
⏰Рок на аплицирање: 15ти јули
Избраните кандидати ќе бидат известени, и ќе следи интервју
За повеќе информации и/или прашања обратете се на [email protected] 📩

Повик за учество на студентските научни конференции на УКИМ

Комисијата за наука при Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и оваа година ќе организира студентски научни конференции кои треба да се одржат во октомври. Во меѓувреме, тие објавија повик на кој студентите ќе можат да се пријават со свои трудови.

Отворени се повици за следните научни конференции:

*СНКН – Студентска научна конференција за нутриција на Факултетски студентски собранија на Медицински факултет, Стоматолошки факултет и Фармацевтски факултет.

*СКГКП – Студентска конференција за глобални климатски промени на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

*НИСКЕП – Научно-истражувачка студентска конференција на Факултетски студентски собранија на Економски и Правен факултет

*MEET – Научна студентска конференција на Факултетски студентски собранија на Филозофски факултет и Филолошки факултет „Блаже Конески“

*СКУН – Студентска конференција на младите уметници и научници на Факултетски студентски собранија на Технолошко- металуршки факултет, Природно – математички факултет и Факултет за ликовни уметности

Повиците за пријавување се достапни на следниот ЛИНК.

  •  

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ ЗА ПРОЕКТОТ „БИДИ ИН, БИДИ ИНКЛУЗИВЕН, БИДИ ИНКЛУДИРАН“

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија, во партнерство со партнери Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и со финансиска поддршка на Европската Унија, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Проектот има за цел да обезбеди целосна и еднаква вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта преку обезбедување на стипендии, туторска помош, обука за училишниот персонал и поддршка на училиштата кои прераснуваат во институции кои се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби. 

Фондацијата преку овој повик поканува пријави за вработување на следнава проектна позиција:

ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • поддршка на проектните раководни лица во сите аспекти на Проектот, со особен акцент на програмските аспекти, мониторирањето и евидентирањето на напредокот
  • одржување секојдневна комуникација со партнерите и засегнатите страни
  • организирање состаноци, водење записник и друга документација
  • административно и логистичко организирање на работилници и настани
  • одржување на програмската документација
  • редовни теренски посети и/или комуникација со училиштата
  • одржување на архивата на податоци, тематски документи и извештаи.

 

РАБОТЕН АНГАЖМАН И МЕСТО НА ИЗВРШУВАЊЕ НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ

  • ангажираност на 100% од полното работно време
  • ангажираност за периодот 1 август 2021 – 31 август 2023
  • место на извршување на работните обврски:
    • претежно канцелариска работа, со опција за повремена работа од дома во зависност од состојбата со КОВИД19
    • редовна комуникација со партнерите и засегнатите страни и посети на училиштата (најмалку еднаш годишно), преку посети или онлајн, во зависност од состојбата со КОВИД19 и безбедносните препораки и протоколи

 

КВАЛИФИКАЦИИ

  • најмалку завршено средно образование
  • додипломски студии во тек, предност имаат студенти во последната студиска година на полето на образовните науки
  • одлично познавање на англискиот јазик

 

Овој оглас е отворен за сите државјани на Р. С. Македонија. Фондацијата „Чекор по чекор“ не поддржува дискриминација по било која основа. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават ажурирана професионална биографија и изјава за интерес со посочување на позицијата за која се пријавуваат на следнава адреса: [email protected].

Крајниот рок за доставување на апликациите е 09.07.2021 г. до 12 часот.

Оглас за вработување – Асистент за комуникации

Евротинк бара нов член на тимот, со позиција проектен асистент / односи со јавност. Повеќе детали подолу. 

Име на проектотКон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија 
Проект бр. 2021-11986
Име на позицијаПроектен асистент/односи со јавност
ЛокацијаСкопје, Северна Македонија
Период на траењејули 2021 – јуни 2022 (определено, со можност за продолжување на договорот)
Обем на работа Полно работно време, 40 часа неделно  

ОПИС НА ПРОЕКТОТ:

Главната цел на проектот е да се допринесе кон продолжување на развојот на полицијата и полициското работење во Северна Македонија, преку зголемување на демократскиот капацитет на полициската организација по пат на подобрена отчетност и зголемена транспарентност на полицијата како клучен сегмент од безбедносниот апарат. Проектот ќе се реализира со поддршка од Националниот Фонд за Демократија на Соединетите Американски Држави (National Endowment for Democracy). 

Проектот цели кон воспоставување на нови и заживување на постоечките добри практики во односот помеѓу полицијата и граѓаните, особено преку работа на зголемена транспарентност, отчетност и партиципативно учество на граѓаните во одлучувањето и креирањето на политики од областа на безбедноста, како на национално така и на локално ниво. Оваа општествена промена е замислена да се оствари преку работа со различните локални и национални полициски структури и крајната цел е да се одговори на потребата од зголемен дијалог и надзор преку подобрени јавни политики и практики за работа на полицијата во соработка со граѓаните. Со цел да се придонесе за постигнување на севкупните цели, следниве специфични активности ќе бидат остварени во временската рамка на проектот:

  • Анализа на постоечкото законодавство и национални стратегии за да се идентификуваат трендовите и предизвиците кај полицијата и надзорот на нивната работа. 
  • Истражување на јавното мислење на национално ниво, со цел мерење на граѓанските перцепции и довербата во полицијата.
  • Спроведување на осум фокус групи во осумте плански региони во Северна Македонија.
  • Спроведување на интервјуа со официјални полициски претставници од осумте плански региони. 
  • Изготвување на документи за јавни политики кои се однесуваат на институционалните предизвици за имплементирање на одржливи политики насочени кон подобрување на полицискиот интегритет, вклучително и студии кои обезбедуваат практични препораки и патоказ кон потранспарентно, отчетно, и партиципативно работење.
  • Спроведување на структурирани и модерирани дискусии кои вклучуваат претставници на полицијата, на локалните власти, но и на граѓаните и граѓанското општество, каде ќе се зборува за подобрување на меѓусебниот дијалог. 

УЛОГА ВО ПРОЕКТОТ:

Проектниот асистент ќе го поддржи проектниот тим одговорен за имплементација на проектот и ќе го поддржи Проектниот менаџер на средбите со клучните партнери, засегнати страни и други организации. Асистентот ќе работи под директен надзор на проектниот менаџер и во секојдневна соработка со останатиот персонал во организацијата. 

Покрај тоа, проектниот асистент ќе биде и лице одговорно за односите со јавност на Евротинк.

ГЛАВНИ ПРОЕКТНИ ЗАДАЧИ:

  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе управува со секојдневните оперативни аспекти на проектот;
  • Во соработка со Проектниот менаџер, ќе закажува, организира и подготвува и/или помага при спроведување на состаноци на проектниот тим;
  • Одржување на ефективна комуникација и работни односи со целната група, засегнати страни и партнери;
  • Во соработка со Проектниот менаџер ќе го следи и оценува напредокот на проектот;
  • Во соработка со Проектниот менаџер, го поддржува подготвувањето на извештаите за донаторот и организацијата;
  • Ќе ги помага или координира и следи сите истражувачки и теренски активности на проектот;
  • Ќе биде надлежен/на за организирање и координација на сите јавни настани што се однесуваат на проектот;
  • Други активности во согласност со проектниот документ и други активности и задачи од значење за организацијата.

ГЛАВНИ КОМУНИКАЦИСКИ ЗАДАЧИ:

  • Скицирање и приготвување на објави, соопштенија и текстуално/визуелни материјали за комуникациските алатки на организацијата;
  • Внес на содржини и ажурирање на интернет страницата и профилите на социјалните медиуми на организацијата;
  • Комуникација со медиумите и медиумските работници, како и нивно навремено известување за активностите на организацијата;
  • Изготвување на соопштенија за медиумите и јавноста;
  • Изготвување на визуелни презентации на резултатите од истражувањата на организацијата; 
  • Други сродни активности од областа на односи со јавноста; 


ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ:

  • Универзитетска диплома за завршени студии од области сродни со програмските области на ЕВРОТИНК. Постдипломски студии ќе се сметаат за предност;
  • Познавање на базични канцелариски софтверски алатки, основни познавања на WordPress платформа или сличен ЦМС.
  • Напредно ниво на познавање на англиски јазик (говорење и пишување);
  • Способност за аналитичко и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа во динамична средина;
  • Личен и професионален интегритет.

Заинтересираните лица да достават CV и мотивациско писмо на [email protected], најдоцна до 07.07.2021 година.

Повик за учесници на младинска размена во Романија

Почитувани млади,
Спремајте ги пасошите бидејќи започнуваме со #Еразмус + програмата!✈🧳
Доколку сте млади од 18 до 30 години, спортисти или ентузијасти во спортот и физичките активности, тогаш оваа размена е токму за вас!
Размената ќе се организира во Романија🇷🇴 во следните периоди:
🏀Râmnicu Sărat, Romania, 19 – 27 July 2021
(based on outdoor sports and inclusion workshops)
🏐Costinești, Romania, 23 – 31 AUGUST 2021
(based on beach sports and photography and videography)
Трошоците за пат и сместување ќе бидат покриени од страна на организаторот.
Регистрирајте се на овој линк.
За повеќе информации во врска со програмата контактирајте нѐ на: [email protected] 📧